14 Мај, 2024
0.0265

Првонаградена програмата за волонтирање на ЕВН

Објавено во: Мои пари 28 Ноември, 2018

Добивај вести на Viber

Програмата на ЕВН за поттикнување на волонтерството кај вработените освои  две Национални награди за најдобри општествено одговорни практики во Македонија.ЕВН Волонтира во категоријата односи со вработени ја освои првата награда, а проектот доби признание за најинвентивна практика од сите пријавени за изминатата година.

Вработените во ЕВН Македонија од летото 2017 година, ја почнаа програмата преку која реализираа повеќе од 30 волонтерски акции и посветија над 3.200 часови во унапредувањето на квалитетот на живот во нивните локални заедници. Активностите се реализираа во сите градови и населени места, а во проектот досега се вклучија повеќе од 300 вработени. Трудот на вработените беше насочен кон реновирање на училишта, градинки и установи за згрижување на посебни категории на граѓани, поправка на оштетена електрична инсталација, уредување на јавни зелени површини, чистење и селекција на отпад, организирање на едукативни работилници за деца, пренос на знаење, готвење и слично.

Уникатноста на ЕВН Волонтира е во тоа што воспоставува системско решавање на волонтерството во компанијата. На вработените им се дава целосна поддршка во процесот – од обмислување до реализација на активностите. Континуирано се работи и на поддигнување на свеста и мотивацијата на вработените за волонтерството преку алатки за интерна комуникација, рече Вјоса Селими портпарол на ЕВН Македонија и координатор на проектот. Охрабрувачки е тоа што над 80% од вработените за прв пат волонтирале преку оваа програма, а желба за повторно учество изразуваат сите, додаде Селими.

Пограмата има пошироко значење поради тоа што волонтерството во Македонија е во зародиш, и ваквите иницијативи помагаат за интензивирање и афирмирање на волонтерството на ниво на државата. Програмата продолжува понатаму. На настанот по повод една година од почетокот, вработените пријавија нови 66 волонтерски проекти кои веќе се во фаза на реализација.

Можеби ќе ве интересира

СЛЕДУВА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ – „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“

СЛЕДУВА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ – „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“

Кроациа осигурување со фантастичен потег: Во соработка со НЛБ банка обезбеди донација за доопремување на читалницата во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје

Кроациа осигурување со фантастичен потег: Во соработка со НЛБ банка обезбеди донација за доопремување на читалницата во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје

Најголемата еколошка акција во историјата на нашата земја GENERALKA WEEKEND 24 ќе се одржи од 17-19 мај

Најголемата еколошка акција во историјата на нашата земја GENERALKA WEEKEND 24 ќе се одржи од 17-19 мај

Вложениот труд носи сатисфакција

Вложениот труд носи сатисфакција

„Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

„Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Пристигнуваат T Phone 2 и T Phone 2 Pro: 5G паметни телефони за сите

Пристигнуваат T Phone 2 и T Phone 2 Pro: 5G паметни телефони за сите

Конференцијата за недвижности во Скопје: За кого е наменета и зошто треба да ја посетите?

Конференцијата за недвижности во Скопје: За кого е наменета и зошто треба да ја посетите?

Каратистите на „Макпетрол“ ќе учествуваат на светската младинска лига во Шпанија

Каратистите на „Макпетрол“ ќе учествуваат на светската младинска лига во Шпанија

Групацијата БАЛФИН го објавува ООП Извештајот за 2023 година: „Фондацијата Мане“ обезбедува поддршка за 37 илјади луѓе преку 50 социјални проекти

Групацијата БАЛФИН го објавува ООП Извештајот за 2023 година: „Фондацијата Мане“ обезбедува поддршка за 37 илјади луѓе преку 50 социјални проекти