Путин бара санкции за земјата каде беше навредуван
Објавено во: Свет 09 Јули, 2019
Рускиот парламент бара воведување санкции на Грузија.
Рускиот парламент денес едногласно ја поддржа резолуцијата со која се повикува владата да наметне строги економски санкции за Грузија.
Москва во последниве неколку недели се жали на антируските протести во Грузија и во понеделникот ја осуди вулгарната тирада против претседателот Владимир Путин на грузиската телевизиска станица, нарекувајќи ја неприфатлива провокација на радикалните политички сили во оваа поранешна советска република, пренесе Ројтерс.
Кремљ веќе одговори на настаните суспендирајќи ги патничките летови меѓу двете земји, потег што се заканува да го загрози туризмот на Грузија со оглед дека преку милион Руси годишно ја посетуваат земјата.
Долниот дом на рускиот парламент Дума денеска информираше дека сака Москва да отиде подалеку и ѝ препорача на Владата да воведе економски санкции на Тбилиси.
Пред две недели избија протести во Тбилиси поради посетата на руски пратеник при што многу демонстранти се лути поради континуираното присуство на руските трупи на грузиска територија.
Грузија, сојузничка на САД, се бореше и изгуби во кратката војна против Русија во 2008 година.
Оттогаш, земјите немаат дипломатски односи, а Русија ја призна независноста на двата отцепени грузиски региони, Јужна Осетија и Абхазија, каде што сега се наоѓаат руски војници.
Водителот на телевизискиот канал Рустави 2, Џорџи Габунија го нарече Путин изрод, но кон него упати и други погрдни зборови.