ПУТИН ИМ СЕ НАЛУТИ НА ЦРНОГОРЦИТЕ: Односите не се во согласност со долгогодишната традиција на пријателство
Објавено во: Балкан 11 Април, 2018
Рускиот претседател Владимир Путин очигледно не е задоволен во која насока се одвиваат односите со Црна Гора.
“Односите со Црна Гора не се во согласност со долгогодишната традиција на пријателство меѓу двата народа“- му порачал денеска рускиот претседател Владимир Путин на новиот црногорски амбасадор во Москва, на церемонија во Кремљ.
Сегашната состојба на работите во односите Русија - Црна Гора, нагласил Путин, не одговара на вековните традиции на братска дружба и духовна блискост меѓу двата народи.
Руско-црногорските односи се заладија кога официјална Подгорица отворено се изјасни дека сака да оди со вашингтон и со Брисел, а Русија изрази незадоволство за приемот на Црна Гора во НАТО.