Путин не му крева слушалка на Порошенко: „Навистина не му одговарам на повици“
Објавено во: Свет 05 Декември, 2018
Рускиот претседател, Владимир Путин, денеска потврди дека ги игнорира повиците на украинскиот претседател, Петро Порошенко.
Путин него го смета за виновник за разгорувањето на тензиите меѓу двете земји, само поради политички поени.
Путин за руските новински агенции изјави дека не е точно дека не сака да разговара со Порошенко, туку нема волја да учествува во неговата предизборна кампања.
Порошенко изјави дека се обидел телефонски да контактира со Путин во текот на кризата меѓу двете земји, но откри дека Путин ги игнорирал неговите повици, објави агенцијата АП.
Претседателските избори во Украина се закажани за 31 март идната година.
Порошенко достави до парламентот предлог закон за раскинување на спогодбата за пријателство и соработка со Русија.
Односите меѓу Украина и Русија се повеќе се затегнуваат по инцидентот на 25 ноември кога Русија отвори оган и заплени три украински брода, а уапси и украински морнари под обвинение дека ја нарушиле руската државна граница по што Порошенко воведе воена состојба во рок од 30 дена во 10 украински региони.