02 Мај, 2024
0.0268

Путин разочаран од конфронтациите со САД, од Трамп побара конструктивност

Објавено во: Свет 30 Декември, 2017

Добивај вести на Viber

Рускиот претседател Владимир Путин смета дека 2017 година наместо да биде одбележана од доближување на односите меѓу САД и Русија всушност поминала во конфронтации кои се материјализираа и со санкции против Москва, наместо конструктивен дијалог. 

Путин затоа му испрати новогодишна телеграма на американскиот претседател Доналд Трамп во која посочи дека односите меѓу САД и Русија се многу важни за светскиот поредок.

„Развојот на конструктивен дијалог помеѓу Русија и САД е исклучително важен за зајакнување на стратешката стабилност во светот и изнаоѓање на оптимални одговори на глобална закана и предизвици“, напиша Путин.

Тој во честитката упатена до Трамп истакна дека Русија и САД би можеле да развијат прагматична соработка насочена кон долгорочна перспектива, на база на еднаквост и взаемна почит.

Сите обиди кои администрацијата на Трамп ги планираше за сојузништво со Русија пропаднаа поради засилената истрага на специјалниот јавен обвинител Мулер кој има задача да откри дали агенти на Путин се мешале во американските претседателски избори и дали биле извршени кривични дела против интересите на САД. 

Повеќе лица од кампањата на Трамп се или осомничени или сведоци, па наскоро се очекува и првото посериозно обвинување за вмешаност со руските државни структури.

Можеби ќе ве интересира

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

ПРОНАЈДЕНА ПЛАСТИКА ВО ПОВЕЌЕТО ОВОШЈА И ЗЕЛЕНЧУЦИ: Еве која храна може да содржи честички, Си-Ен-Ен објави студија

ПРОНАЈДЕНА ПЛАСТИКА ВО ПОВЕЌЕТО ОВОШЈА И ЗЕЛЕНЧУЦИ: Еве која храна може да содржи честички, Си-Ен-Ен објави студија

ЗА ЕДНА ГОДИНА „СЕ РАЃААТ“ ПОЛОВИНА МИЛИОН НОВИ РОБОТИ: Ќе ги заменат ли работниците? Што значи тоа за нив?

ЗА ЕДНА ГОДИНА „СЕ РАЃААТ“ ПОЛОВИНА МИЛИОН НОВИ РОБОТИ: Ќе ги заменат ли работниците? Што значи тоа за нив?

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад

Од денеска едномесечна изложба во Москва на запленето и онеспособено западно оружје

Од денеска едномесечна изложба во Москва на запленето и онеспособено западно оружје

Денот на трудот - 1 Мај: Настана во САД, но американците не го признаваат

Денот на трудот - 1 Мај: Настана во САД, но американците не го признаваат

Фон дер Лајен: Не е исклучена можноста за забрана на TikTok во ЕУ

Фон дер Лајен: Не е исклучена можноста за забрана на TikTok во ЕУ

НОВА ДРАМА ВО БРИТАНСКИОТ ДВОР: Хари доаѓа во Лондон, но нема да се види со татко си

НОВА ДРАМА ВО БРИТАНСКИОТ ДВОР: Хари доаѓа во Лондон, но нема да се види со татко си

„АстраЗенека“ призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

„АстраЗенека“ призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти