Путин: Тие што го „местат“ Трамп се полоши од проститутки
Објавено во: Свет 17 Јануари, 2017
Рускиот претседател Владимир Путин реши да ги расчисти шпекулациите дека руските тајни служби го „местеле“ Доналд Трамп во хотел во Москва и дека му најмиле проститутки кои уринирале на креветот каде Барак Обама и неговата сопруга Мишел спиеле. Путин вели дека овие лажни оперативци немаат никаков морал и се полоши од проституки.
„Јас лично не го познавам новиот американски претседател Доналд Трамп, и немам причина ниту да го напаѓам ниту да го бранам. Не знам што тој ќе преземе на интернационалната арена“ вели Путин.
Исто така рускиот претседател ги критикува сите обиди да се дисквалификува Трамп со организирање на протести и ширење на лажни информации, па ова сценарио го потсетува на украински Мајдан кога во 2014-та беше соборена власта, а потоа следеше војна и дестабилизација на земјата.