05 Мај, 2024
0.0309

РАБОТА НА БЛИСКИОТ ИСТОК: Постои шанса за напредок во кариерата ако се има желба

Објавено во: Економија 21 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Ристе Бабунски, родум од Велес, повеќе од  10 години живее надвор од Македонија што му овозможило да се стекне со работно искуство на повеќе позиции.

Бабунски 7 години поминал во Катар и 4 години е во Бахреин.  Во текот на овие години колку што е надвор од државата, работел како рецепционер,  лице за односи со јавност, келнер,  а воедно води и кетеринг компанија.  Раскажува дека на Блискиот Исток има разлика во платите, зависно од работната позиција, но услови за напредок во кариерата има.

„На Блискиот Исток платата варира во зависност каде работите и која позиција ја држите. На пример во хотелите платите се помали,  од самостојните ресторани. Платите во хотелите се движат од 400 евра па нагоре, а некаде се и помали.  Дефинитивно има можности за наредок во кариерата само ако самиот човек има желба“ – раскажува тој.

Бабунски по професија е машински техничар, а  заминал од Македонија затоа што сакал нови искуства и предизвици.

„Заминав од Македонија затоа што сакав да искусам нови работи, инаку имав работа во Македонија. Не беше проблем невработеноста, барем не за мене. Познавање на јазик дефинитивно треба.  Дисциплината е неминовна. Се работи 9 часа, од кои 1 час е за одмор. Секој хотел, ресторан обезбедува обука за кадрите кои ги носи во зависност од тоа за што се способни.  Прекувремената работа се плаќа, но некои компании не плаќаат и затоа е потребно да се договорат претходно сите тие работи и да му се гарантираат на работникот“ – додава тој.

Вели дека негови планови за во иднина се враќање во Македонија и основање на свој бизнис. 

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години