06 Мај, 2024
0.0223

Работи без кои не треба да одите на подолго патување

Објавено во: Стил 07 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Без разлика со какво превозно средство патувате, има неколку работи кои мора да ги носите со себе. 

Земете копија од вашиот пасош. Можете да носите повеќе и тоа една во паричникот, а друга во торба. Губењето на пасошот во странство е многу ризично и ќе ви го усложни патувањето. 

Четка за заби. По 8 часа патување, миењето заби ќе ве врати во живот. 

Повеќе пари земете со себе затоа што не се знае кога и каде ќе најдете банкомат, а провизиите се високи. 

Земете и празно шише за вода кое ќе го наполните откако ќе поминете безбедносна контрола. 

Облека во повеќе слоеви ќе ви помогне ако патувате на места каде климата е различна од местото од каде тргнувате.