07 Мај, 2024
0.0314

Радев во јануари повеќе ќе се посвети на темата Македонија, а Османи очекува позитивен исход

Објавено во: Македонија 20 Декември, 2021

Добивај вести на Viber

Бугарскиот претседател Румен Радев по Нова година повеќе ќе се посвети на темата Македонија. 

Бугарскиот Консултативен совет за национална безбедност (КСНС) во врска со темата за нашата земја како што најави Радев ќе биде свикан во првата половина на јануари.

!„Важно е да имаме став на ова политичко тело, за кој и партиите ќе имаат јасна позиција за тоа што треба да се направи за да се забрза процесот на интеграција на Република Северна Македонија во ЕУ, но имајќи го предвид и почитувајќи го бугарскиот национален интерес“, изјави Радев.

Македонскиот шеф на дипломатијата, Бујар Османи очекува дека во јануари може да се постигне договор со Бугарија. Македонија чека повратен одговор од официјална Софија за пакетот барања 5+1 кои беа поставени како услов од бугарска страна за почеток на преговори со Европската Унија.

„Одговоривме на барањето за механизми за спречување на говорот на омраза во двете земји, рехабилитацијата на жртвите на комунизмот, барањето за вклучување на Бугарите во Уставот и работата на историско-образовната комисија. Мислам дека ова е доволно за да се затвори ова прашање, но чекаме одговор од Бугарија во врска со овие ставови, и кои се надевам дека ќе продолжат на средба на високо ниво во наредниот период“, рече Османи.

Османи кажа дека неговиот став е дека доколку има политичка волја, реално не се потребни уште шест месеци за да се држи во неизвесност државата, европската перспектива и регионалната динамика.

Можеби ќе ве интересира

Пендаровски: Нема предавање и откажување пред 8 мај по ниедна цена

Пендаровски: Нема предавање и откажување пред 8 мај по ниедна цена

Пендаровски се надева на гласовите од сите етнички заедници, Силјановска Давкова на победа со разлика од три спрема еден

Пендаровски се надева на гласовите од сите етнички заедници, Силјановска Давкова на победа со разлика од три спрема еден

СЕ СРЕТНАА МИЦКОСКИ И ТАРАВАРИ - се цртаат ли контурите на идната влада, кои се условите

СЕ СРЕТНАА МИЦКОСКИ И ТАРАВАРИ - се цртаат ли контурите на идната влада, кои се условите

Апасиев: Левица не е лажна опозиција, ние имаме светла иднина

Апасиев: Левица не е лажна опозиција, ние имаме светла иднина

СЕ ОГЛАСИ ЗОРАН ЗАЕВ: Ова се 15-те важни датуми од современата промоција на македонскиот јазик

СЕ ОГЛАСИ ЗОРАН ЗАЕВ: Ова се 15-те важни датуми од современата промоција на македонскиот јазик

ЗАГИНА СКОПЈАНЕЦ, А ПОВРЕДЕНИ СЕ СОПРУГАТА И ДВЕТЕ МАЛОЛЕТНИ ДЕЦА - МВР со детали за тешката сообраќајка

ЗАГИНА СКОПЈАНЕЦ, А ПОВРЕДЕНИ СЕ СОПРУГАТА И ДВЕТЕ МАЛОЛЕТНИ ДЕЦА - МВР со детали за тешката сообраќајка

УШТЕ ДЕНЕСКА И УТРЕ ДА УЖИВАМЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ, А ОД СРЕДА... - еве какви се очекувањата

УШТЕ ДЕНЕСКА И УТРЕ ДА УЖИВАМЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ, А ОД СРЕДА... - еве какви се очекувањата

БЕШЕ ПРВАТА ЖРТВА ОД РАСПАДОТ НА ЈУГОСЛАВИЈА - триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци

БЕШЕ ПРВАТА ЖРТВА ОД РАСПАДОТ НА ЈУГОСЛАВИЈА - триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци

ПУТИН НАРЕДИ ВЕЖБИ ЗА УПОТРЕБА НА ТАКТИЧКО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ - еве која му е целта

ПУТИН НАРЕДИ ВЕЖБИ ЗА УПОТРЕБА НА ТАКТИЧКО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ - еве која му е целта