07 Мај, 2024
0.0272

Радмила Шекеринска по писмото на Бранко Црвенковски: Да не ја мешаме партијата со државата

Објавено во: Македонија 28 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Радмила Шекеринска, министерката за одбрана и потпретседателка на СДСМ, на денешната прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање рече дека не е точна тезата дека скопското крило на владеачката партија не му дало доволна поддршка на претседателот Зоран Заев по писмото испратено од поранешниот лидер Бранко Црвенковски.

Министерката, која го презентираше буџетот на Министерството за одбрана за 2021,  рече дека не треба да се мешаат партиските со државните интереси, односно не сака да ја меша партиската со владината политика.

- Она што ќе го кажам е да ве замолам да не ја правиме грешката на која бевме жртви 10 години. Да не ја мешаме државата со партијата. Ќе ми дозволите и јас да не ја мешам партиската политика со владината. Не е прилика да зборувам за тоа како министер за одбрана, рече денеска Шекеринска.

Таа дополнително, коментирајќи го македонско-бугарските односи, рече дека постои целосна согласност дека на овие теми треба да поаѓаме и од нашето анти-фашистичко минато, но и од интересите за државата да оди напред.




Можеби ќе ве интересира

ТАМУ БИЛ ИЗБОРНИОТ МАТЕРИЈАЛ: Неколку мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата од објект во општина Чаир

ТАМУ БИЛ ИЗБОРНИОТ МАТЕРИЈАЛ: Неколку мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата од објект во општина Чаир

НАШИОТ АМБАСАДОР НЕ ПРИСУСТВУВАШЕ НА ЦЕРЕМОНИЈАТА: И Македонија ја бојкотираше инаугурацијата на Путин

НАШИОТ АМБАСАДОР НЕ ПРИСУСТВУВАШЕ НА ЦЕРЕМОНИЈАТА: И Македонија ја бојкотираше инаугурацијата на Путин

УРИВАМЕ „ЦРНИ“ РЕКОРДИ: Два македонски градови се на листата најзагадени во Европа

УРИВАМЕ „ЦРНИ“ РЕКОРДИ: Два македонски градови се на листата најзагадени во Европа

НА ДЕН ВЕЛИГДЕН, КЕДЕВ ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ - го „победи“ Макалу, петтиот највисок врв во светот

НА ДЕН ВЕЛИГДЕН, КЕДЕВ ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ - го „победи“ Макалу, петтиот највисок врв во светот

БОКИ 13 ЗАВРШИ ВО СТАНИЦА: „Замислете, ме пријавил дека сум му ја загрозил безбедноста и дека сум го демнел“

БОКИ 13 ЗАВРШИ ВО СТАНИЦА: „Замислете, ме пријавил дека сум му ја загрозил безбедноста и дека сум го демнел“

ЗАЧЕСТИЈА НАПАДИТЕ ОД МАЛОЛЕТНИЦИ - четири лица уапсени, ограбиле други малолентици, ќе следи пријава

ЗАЧЕСТИЈА НАПАДИТЕ ОД МАЛОЛЕТНИЦИ - четири лица уапсени, ограбиле други малолентици, ќе следи пријава

ДЕТАЛИ: Возач на „ауди“ од Сарај преполови автомобил во Влае, жена се бори за живот

ДЕТАЛИ: Возач на „ауди“ од Сарај преполови автомобил во Влае, жена се бори за живот

Двојно повеќе посети од Македонците во Грција

Двојно повеќе посети од Македонците во Грција

„ОВА ГО ЧУВСТВУВАМ КАКО ПРИТИСОК И ОБИД ЗА ЦЕНЗУРА“ - Боки 13 повикан во полиција во врска со пријавите за загрозување на безбедност

„ОВА ГО ЧУВСТВУВАМ КАКО ПРИТИСОК И ОБИД ЗА ЦЕНЗУРА“ - Боки 13 повикан во полиција во врска со пријавите за загрозување на безбедност