Рама со нова провокација - Им дадовме општина на Македонците, а што прават тие за Албанците?
Објавено во: Балкан 03 Јуни, 2017
Контроверзниот албански премиер Еди Рама во својата предизборна кампања го актуелизира прашањето со правата на Македонците во Албанија и правата на Албанците во Македонија, со нови провокативни изјави кои воопшто не се примерни.
- Ја користам оваа прилика да изразам задоволство од фактот дека и во соседната земја работите добиваат нормална насока. Јас сум многу среќен што сме дале одличен пример, како Социјалистичка партија, како влада на Социјалистичката партија, една мала заедница, заедницата со многу мал број жители да биде посебна општина, им го признавме правото да бидат посебна општина, бидејќи ние го почитуваме фактот дека тие се како нас и различни од нас. Го почитуваме фактот дека тие се едно мало семејство Македонци што ги имаме меѓу нас и давајќи го примерот дека ги почитуваме како да се дел од нас, ние им кажуваме на нашите соседи за толку малку ваши луѓе тука, ние ги почитуваме исто како и нашите луѓе, но за толку многу наши луѓе таму вие што правите!? Затоа што Албанците во Македонија не се малцинство, тие се државотворен ентитет - изјавил Рама на предизбрна средба со организацијата на жени на СП за околијата Корча, пренесува весникот „Македониум“.
Македонци не живеат само во Мала Преспа, туку и во Гора, Голо Брдо, Корча, Тирана, Драч. Има повеќе од 120.000 Македонци или како што ја нарекува Илир Мета, прекрасната македонска заедница, констатира весникот „Македониум“.