27 Април, 2024
0.0281

Рамстор Мол го одбележа месецот за борба против рак на дојка

Објавено во: Мои пари 23 Октомври, 2021

Добивај вести на Viber

Во месец октомври ја подигнуваме свеста за ракот на дојката и ги поддржуваме жените во намалување на ризикот од оваа болест. По тој повод, на 22.10.2021 во Рамстор Мол се одржа настанза одбележување на месецот за борба против рак на дојка.

Како гости на овој настан, кои дадоа поддршка со своето обраќање, присуствуваа г-ѓа Елизабета Ѓоргиевска, сопруга на Претседателот на Република Северна Македонија, г-ѓа Даниела Адемоска –сопственик и Генерален Директор на Рамстор Македонија и Биба Додева – Претседател на здружението за борба против рак „Борка за секој нов ден“, кои заедно со жените вработени во Рамстор Македонија го поддржаа овој настан.

-Рамстор Македонија како општествено одговорна компанија и компанија каде што 60% од вработените се припаднички на женската популација,  со одбележувањето на денешниот настан  имаме единствена цел – да ја искажеме својата поддршка на сите оние кои имале какво било искуство со ракот на дојка но и за сите оние за кои треба да ја подигнеме свеста за потребата од рано дијагностицирање и превентивни активности затоа што се работи за здравјето, и затоа што сите треба да покажеме сплотеност и солидарност.

Сметам дека ваквите настани се показател за нашата подготвеност како општество  за поддршка и активности со цел да се зголеми  свеста  како и  отворено да се збори за ракот како болест .

Голема благодарност до Г-ѓа Елизабета Ѓорѓиевска која  го поддржа овој настан со нејзиното ценето присуство и своето обраќање, До Претседателот на Здружението Борка-Биба Додева за одличната  досегашна соработка и секако  Благодарност до сите вработени со кои покажавме дека заедно сме посилни, и дека можеме да направиме уште повеќе“ -изјави Г-ѓа Даниела Адемоска – сопственик и Генерален  Директор на Рамстор Македонија.

Од здружението за борба против рак „Борка за секој нов ден“ делеа информативни едукативни материјали на посетителките во трговскиот центар. Како поддршка и во знак за борба против ракот на дојка со моќ да ги воздигнат и инспирираат другите, жените вработени во Рамсторе Македонија направија заедничка фотографија облечени во маичките на Борка.

Заедно сме посилни,да направиме уште повеќе!


ПР Објава

Можеби ќе ве интересира

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“