РАСФРЛАЊЕ СО ПАРИ: Постер на аукција продаден за 42500 долари
Објавено во: Свет 23 Април, 2018
На аукција во Северна Каролина беше продаден редок постер со Елвис Присли за неверојатна сума од 42.500 долари.
Ова го соопшти аукциската куќа „Херитиџ Окшнс“, чиешто седиште е во Тексас.
Се работи за плакат што го најави концертот во градот Ралej, Северна Каролина, на 19 мај 1955 година. Постигнатата цена на наддавањето, е двојно поголема од очекуваната, а новиот сопственик е од Калифорнија, јавуваат локалите медиуми.
Продавачот и купувачот претпочитаат да останат анонимни, се вели во соопштението на „Херитиџ Окшнс“.