Рашковски се уште е на одмор во Мексико: Институциите нека си ја вршат надлежноста
Објавено во: Македонија 19 Март, 2021
Поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, се уште е на одмор во Мексико, иако во меѓувреме Обвинителството за организиран криминал отвори предмет за софтверот за сообраќајни прекршоци, кој тој го набави за МВР под нерасчистени околности.
Обвинителството отвори предистражна постапка по допрен глас, а МВР веќе доставило известување во врска со нивното постапување во случајот.
- Единствен исправен начин за дознавање на вистината е преку институциите. Така што, треба да ги оставиме институциите да си ја вршат надлежноста, кратко напишал синоќа Рашковски од Мексико во писмена изјава за „Сител“
Од Владата веќе соопштија дека нема да заземаат страна во испитувањето на овој случај со актуелниот секретар на Кабинетот на премиерот Зоран Заев.
Дел од јавноста реагираше бурно на информацијата дека е на одмор во Мексико додека не е расчистен неговиот случај со тендерот.