Раст на американската економија
Објавено во: Свет 27 Април, 2013 10:50
Темпото на раст на американската економија во првите три месеци од годината е 2,5 отсто, бидејќи намалувањето на владината потрошувачка го неутрализира скокот на личната потрошувачка и инвестициите, соопшти американското Министерство за трговија.
Првата проценка на растот на бруто домашниот производ во првиот квартл укажува на солидно заздравување во однос на скромниот раст од 0,4 отсто од претходниот квартл, но е под прогнозата на аналитичарите од 2,8 проценти.
Личната потрошувачка е зголемена за 3,2 отсто, што зборува за забрзување на растот во однос на четвртиот квартл, а деловните инвестиции бележат раст од 2,1 проценти, но со поспоро темпо.
Но, владината потрошувачка, која беше погодена со буџетските резови во тој квартл, продолжи да ја гуши економијата и забележа пад за 9,4 отсто.
Можеби ќе ве интересира
Белгискиот премиер Де Вевер: Не сум играч на Русија, ама соседи ми се Депардје и Асад
(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени
(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците
Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“
„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД
ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)
Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки
Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.
Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот




