05 Декември, 2025
0.1887

РАСТ НА ЈАВНИОТ ДОЛГ: Колку должи Македонија

Објавено во: Анализа 01 Ноември, 2018 07:02

Добивај вести на Viber

Над 5,144 милијарди евра е вкупниот јавен долг на Македонија. Министерството за финансии ги објави податоците за задолженоста на државата до крајот на септември. Покажуваат дека јавниот долг се зголемува, ама растот не е драматичен. Заклучно со третиот квартал годинава, јавниот долг на државата изнесува 48,2 проценти од БДП, додека на крајот на јуни или заклучно со вториот квартал беше 48,1 процент од БДП.


Во третото тромесечје, според податоците, само државниот долг изнесува 4,302 милијарди евра и е зголемен во однос на претходното тромесечје кога бил  4,300 милијарди евра. Државниот долг во кој се вкалкулирани трошоците само на централната влада и на општините без долговите на јавните претпријатија. Тие долгови се вкалкулирани во вкупниот јавен долг. Според податоците државните долг на крајот на третиот квартал изнесува 40,3 проценти од БДП колку што беше и минатиот квартал.


Од државниот долг, надворешен е 2,686 милијарди евра, додека на внатрешниот долг отпаѓа 1,616 милијарди евра.

Од друга страна пак, од вкупниот јавен долг кон надвор е долг вреден 3,512 милијарди евра, додека како внатрешен јавен долг е пресметан долг во вкупна вредност од 1,632 милијарди евра.

Јавниот долг во земјава е во постојан раст иако според последните податоци, процентот на долгот во БДП годинава се одржа на едно ниво без значајни осцилации.

На крајот на 2016 година јавниот долг беше 48,8 проценти од БДП, следната 2017 година изнесува 47,8 проценти,

Сепак пред само десет години или во 2007 година јавниот долг на земјата изнесуваше 25,8 проценти од БДП. 

А.Т.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

Ако сакаш да не најдеш решение формирај комисија – Што ќе донесе анкетната расправа за Кочани?

Ако сакаш да не најдеш решение формирај комисија – Што ќе донесе анкетната расправа за Кочани?