13 Мај, 2024
0.0321

Ратка Тирицовска од Стопанска банка е добитник на престижната награда PRO PR Globe

Објавено во: Мои пари 19 Март, 2024

Добивај вести на Viber

Директорката за маркетинг и односи со јавност во Стопанска банка АД - Скопје, Ратка Тирицовска, ја доби престижната награда ПРО ПР Глоуб (PRO PR Globe Awards) за 2023 година, која се доделува на истакнати професионалци во областа на односите со јавност кои оствариле значителни резултати во својата работа. Таа ја доби наградата како резултат на нејзината вклученост во корпоративната комуникација на Стопанска банка како еден од најзначајните македонски брендови, но и за координирањето и спроведувањето на различните општествено одговорни проекти кои Банката ги спроведува на годишно ниво, со кои го зајакнува брендот и поврзаноста со заедницата.

Наградата на Тирицовска ѝ беше врачена на ПРО ПР конференцијата што се одржа во хотелот „Мона плаза“ во Белград, која на едно место ги собра сите 30 добитници на оваа награда од 15 земји во светот. Добитниците на наградата ПРО ПР Глоуб се номинирани од поранешни добитници на ова признание, како и од поранешни добитници кои се членови на четирите светски асоцијации за комуникации: Асоцијација за односи со јавност и комуникации (PRCA), Меѓународна асоцијација за односи со јавност (IPRA), Меѓународна организација за комуникациски консалтинг (ICCO) и Овластен институт за односи со јавност (CIPR). 

Наградата ПРО ПР Глоуб е специфична по тоа што се доделува на поединци кои со својата работа значително придонесуваат за унапредување на односите со јавност на глобално, регионално и на локално ниво. Оваа престижна награда не се доделува за конкретни проекти, туку на личности кои во соработка со своите тимови успеваат да го промовираат и истакнат значењето на односите со јавност во секојдневното работење. 

Покрај индивидуалните награди за ПР професионалците, на конференцијата беа доделени и трите традиционални награди Pro PR Vision City, Pro PR Vision Manager и Infigo Award, за организации и институции кои дале значаен придонес во комуникацискиот менаџмент.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Нов “дијамант” на македонската кошарка

Нов “дијамант” на македонската кошарка

„Браво сине“ и „Арс Ламина“ со збирка од 24 „Нови бајки од Македонија“

„Браво сине“ и „Арс Ламина“ со збирка од 24 „Нови бајки од Македонија“

Имлек Протеин - моќ и енергија за 1650 спортисти на “Скопје трча”

Имлек Протеин - моќ и енергија за 1650 спортисти на “Скопје трча”

Благодарност до македонската ракометна јавност

Благодарност до македонската ракометна јавност

Прв регионален Health & Fitness форум во земјава

Прв регионален Health & Fitness форум во земјава

Заборски од „Макпетрол“ петти во Европа на шампионатот во Задар

Заборски од „Макпетрол“ петти во Европа на шампионатот во Задар

Развојот на првиот Porsche 911 со хибриден погон заврши успешно

Развојот на првиот Porsche 911 со хибриден погон заврши успешно

Денеска се одржа 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10км“ 1650 учесници застанаа на старната линија

Денеска се одржа 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10км“ 1650 учесници застанаа на старната линија

БРАКО ЌЕ ПРОМОВИРА НОВО ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО НА САЕМ ВО МИНХЕН

БРАКО ЌЕ ПРОМОВИРА НОВО ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО НА САЕМ ВО МИНХЕН