27 Јули, 2024
0.0363

Благодарност до македонската ракометна јавност

Објавено во: Мои пари 13 Мај, 2024

Добивај вести на Viber

Ви го пренесуваме соопштението во целост:

Благодарност до македонската ракометна јавност


Почитувани ракометни пријатели,

Ракометната федерација на Македонија упатува голема благодарност до сите што безрезервно дадоа поддршка на машката македонска сениорска репрезентација во спортскиот центар „Борис Трајковски“ за победата против селекцијата на Фарските Острови, дополнително благодарност и до сите други што го следеа натпреварот и ги бодреа нашите ракометари пред малите екрани.

Во рамките на своите програмски определби, Ракометната федерација на Македонија како приоритет број 1 ги има промоцијата и унапредувањето на македонскиот ракометен спорт во меѓународни рамки. Во текот на репрезентативните квалификациски циклуси/баражи и утврдени натпреварувачки системи од ЕНF/IHF во машка и во женска конкуренција за сите возрасни категории, националните селекции обезбедија учество на следните завршни турнири на континентално и на мундијално ниво:

1. ЖЕНСКА СЕНИОРСКА РАКОМЕТНА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА Women's EHF EURO 2024 (AUT/HUN/SUI)

28.11.2024-15.12.2024

2. МАШКА СЕНИОРСКА РАКОМЕТНА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА

IHF Men's World Championship 2025 (CRO/DEN/NOR)

14.01.2025-02.02.2025

3. ЖЕНСКА МЛАДИНСКА РАКОМЕТНА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА IHF WOMEN'S JUNIOR WORLD CHAMPIONSHIP 2024 (MKD) 19.06.2024-30.06.2024

4. МАШКА МЛАДИНСКА РАКОМЕТНА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА Men's 20 EHF EURO 2024 (SLO)

10.07.2024-21.07.2024

5. МАШКА КАДЕТСКА РАКОМЕТНА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА Men's 18 EHF EURO 2024 (MNE)

07.08.2024-18.08.2024

Честитки до сите ракометари и ракометарки, и до членовите на стручните штабови на сите македонски ракометни селекции!

Вие сте наша гордост !!!

Со почит,

Ракометна Федерација на Македонија
ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Samsung ве поканува на Galaxy AI Café на брегот на прекрасното Охридско Езеро

Samsung ве поканува на Galaxy AI Café на брегот на прекрасното Охридско Езеро

ХАЈДЕЛБЕРГ ФАКУЛТЕТ ВО СКОПЈЕ ПАРТНЕР НА ФРАНКФУРТСКИОТ УНИВЕРЗИТЕТ

ХАЈДЕЛБЕРГ ФАКУЛТЕТ ВО СКОПЈЕ ПАРТНЕР НА ФРАНКФУРТСКИОТ УНИВЕРЗИТЕТ

ТИПСТЕР МАНИЈА, ТУРНИР ЗА СПОРТСКО ОБЛОЖУВАЊЕ НА 2win.мк

ТИПСТЕР МАНИЈА, ТУРНИР ЗА СПОРТСКО ОБЛОЖУВАЊЕ НА 2win.мк

Во Шведска, каде драматично се намали бројот на смртни случаи од тутун, никотинот не е непријател

Во Шведска, каде драматично се намали бројот на смртни случаи од тутун, никотинот не е непријател

Хоратиус Радиксименуван за нов комерцијален директор на Кромберг и Шуберт во Битола и Скопје

Хоратиус Радиксименуван за нов комерцијален директор на Кромберг и Шуберт во Битола и Скопје

Успешна и профитабилна прва половина од годината за НЛБ Банка

Успешна и профитабилна прва половина од годината за НЛБ Банка

Новиот Transporter – Совршено работно место за професионалци во движење

Новиот Transporter – Совршено работно место за професионалци во движење

Македонски Телеком го постави првиот подводен оптички кабел во Македонија

Македонски Телеком го постави првиот подводен оптички кабел во Македонија

Сава пензиско друштво а.д. Скопје преку иницијативата „Вие ажурирате, Ние Донираме“ обезбеди донација за ЈЗУ УК за респираторни заболувања кај децата Козле Скопје

Сава пензиско друштво а.д. Скопје преку иницијативата „Вие ажурирате, Ние Донираме“ обезбеди донација за ЈЗУ УК за респираторни заболувања кај децата Козле Скопје