06 Мај, 2024
0.0250

Ратко Димитровски - локален моќник, осомничен за „Поштенски банки“ од СЈО

Објавено во: Економија 13 Октомври, 2018

Добивај вести на Viber

Во приведените за кои се бара притвор во новоотворената истрага „Поштенски банки“ на СЈО е и бившиот градоначалник на Општина Кочани Ратко Димитровски, сопственик на печатницата „Европа ’92“ а тој и сите останати како што е наведено се товарат за дело – перење пари и други приноси од казниво дело од член 273. Инаку Димитровски е еден од најпознатите локални моќници кои се карактеристични за Македонија и воедно е силен поддржувач на политиките на ВМРО-ДПМНЕ.

Во соопштението се наведува дека од извршените кривични дела сторени во временскиот период од 2001 до 2010 година била прибавена имотна корист во износ од 5 милиони евра.

Основачот на „Европа 92“, Ратко Димитровски, е донатор на претходната партија на власт ВМРО-ДПМНЕ. Бил пратеник и градоначалник на општина Кочани, а неговата печатница беше ангажирана во мулти-милионскиот насловен проект на владата на Никола Груевски „1.050 книги“, чија исплатливост е доведена под знак прашалник.

Тоа не го спречува со својата фирма да конкурира и да добива тендери од државни институции, јавни претпријатија или од општини. Само во периодот од 2013 до 2017 година фирмата на градоначалникот на Кочани и воедно управител на печатницата „Европа 92“ склучила договори во вредност од над 700.000 евра.

Печатницата „Европа 92“ со инсталираната опрема и капацитети, е една од водечките фирми во Кочани и државата. Според технологијата и воведените стандарди се вбројува во самиот врв на печатарството во државата и поширокиот регион.

Во 2002 година печатницата изгради и предаде во употреба е нов производствен простор, односно објект, со 4.500 м2 корисна површина. Стратегијата на печатницата е на секои година-две да се набавува барем една машина со помодерни технолошки перформанси.

Компанијата на Ратко денес располага со 6445 метри квадратни производствено - административен простор, над 120 вработени и високо квалификуван менаџерски тим. Сместена во индустриската зона на градот на оризот Кочани, а на „менито“ има огромен број компании клиенти како банки, супермаркети, телекомуникациски оператори....

Димитровски има завршено графички факултет, а во тогашната печатница „Младост“ запчнува да работи во 1977-ма година. Роден е во Делчево, а живее во Кочани.


Можеби ќе ве интересира

КОНКУРЕНТСКИТЕ ВИ ГИГАНТИ ГИ ВОДАТ ЛУЃЕ КОИ СЕ РОДНИНИ И ПРИЈАТЕЛИ ОД ДЕТСТВОТО - еве како се почна

КОНКУРЕНТСКИТЕ ВИ ГИГАНТИ ГИ ВОДАТ ЛУЃЕ КОИ СЕ РОДНИНИ И ПРИЈАТЕЛИ ОД ДЕТСТВОТО - еве како се почна

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК