06 Мај, 2024
0.0255

Разрешен Јован Деспотовски: Отворивме работни места со плати од 40.000 денари, 3,5 милиони евра повеќе за државата

Објавено во: Економија 10 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Јован Деспотовски, истовремено со неговото разрешување од позицијата директор на Фондот за иновации и технолошки развој на синоќешната владина седница, објави дека го остава ФИТР со позитивен ефект, бидејќи платите на новите работни места што биле отворени, како што вели тој, во просек биле 40.000 денари, а во државата се вратиле 3,5 милиони евра отколку што се вложиле во компаниите.

„Кога повлекуваме линија на едно поглавје или работно портфолио, првото размислување е кон сето она што поминавме, доживеавме, успеавме да направиме и што ни остана ненаправено.

Денес, после три години, заедно со тимот на Фондот за иновации и технолошки развој составен од претежно млади професионалци и ентузијасти, оставаме многу успешни приказни да зборуваат за ова време. Многу нови, започнати проекти. Над 500. Илјадници нови работни места, за претежно млади луѓе, со примања во просек до 40.000 денари. Уплатени над 3,5 милиони евра повеќе средства годишно назад во Буџетот, отколку што се вложени во компаниите. 30тина места раст на листата на Глобалниот иновациски индекс. Над 100 основни и средни училишта кои се приклучија на програмите на Фондот со 500 и повеќе директно помогнати ученици и ментори. Сето ова е една сериозно, прогресивно, критички и креативно насочено јадро во општеството, што во идните години ќе го движи напред.

Оставаме функционален модел на работење кој е функционален и несвојствен за една државна институција, каде нема врски, книшки и роднини/пријатели туку исклучиво отворен и јасен процес, базиран на вредности. Ова мора да го задржиме и да се шири и натаму“, напиша меѓудругото Деспотовски.

На синоќешната седница Владата донела Одлука за давање на претходна согласност на Управниот одбор на Фондот за иновации и технолошки развој, да го разреши Јован Деспотовски од должноста директор на Фондот за иновации и технолошки развој. Разрешувањето го побарал тој, а Владата ја прифатила неговата одлука.

Деспотовски е дипломиран економист и беше назначен за директор во 2017 година. Тој ја замени Јасмина Поповска која ја предводеше новоформираната државна институција од 2013 година.




Можеби ќе ве интересира

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години