РЕАКЦИИ ВО БУГАРИЈА: Ќе биде ли БПЦ црква мајка на МПЦ?
Објавено во: Балкан 22 Ноември, 2017
Синодот на Бугарската православна црква може и да не го прифати барањето на МПЦ да стане мајка црква пишуваат дел од бугарските медиуми повикувајќи се на извори од синодот на БПЦ.
Бугарскиот весник 24 часа во анализа со наслов Синодот откажува БПЦ да стане црква мајка наведува дека постои можност ова барање да не биде прифатено, но и не се исклучува можноста БПЦ да се посоветува и со Севселенската патријаршија.
Горан Благоев, новинар и истакнат верски аналитичар вели дека ова БПЦ не смее да се откаже од подадената рака на МПЦ.
Благоев смета дека бугарските владици сепак нема да имаат храброст за да го прифатат овој предизвик поради силното влијание од Руската црква.
Бугарскиот професор и теолог, Атанас Славов во анализа за „Бугарија аналитика“ пишува дека Бугарија и Бугарската црква треба активно да ги поддржат македонската државност и независност и автокефалноста на МПЦ.
Вчера и голем број научници, новинари, ителектуалци и потомци на македонски револуционери побараа Синдоот на Бугарската црква да го прифати предлогот на МПЦ.
Бугарските архиереи за понеделник закажале седница на која ќе се најде и писмото од Македонскиот архиепископ.