Ребаланс на буџет на владина седница, но без ставка за избори
Објавено во: Економија 13 Октомври, 2018
Владата го скрои ребалансот на буџетот, попладнево ќе се најде на владина седница, потврдуваат за тв 24 владин функционер.
Истиот функционер вели во владиниот предлог нема ставка за евентуални избори, но доколку се распишат предвремени парламентарни избори тогаш пратениците ќе интервенираат во текот на постапката за ставка за избори.
Според истиот извор, доколку нема избори, ставката ќе биде за да се помогне на општините. Детали за прекројување на државната каса не се соопштуваат.