Референдум и во Србија најавуван за 2019-та
Објавено во: Балкан 26 Јуни, 2018
Dokolku se postigne каква било спогодба во преговорите за Косово помеѓу Белград и Приштина, референдумот за ова прашање ќе биде одржан во Србија во почетокот на 2019 година, пренесува белградски „Данас“, повикувајќи се на дипломатски извори.
Притоа весникот наведува дека Западот „нема со одобрување да гледа на референдумот бидејќи го сметал за непотребен“. Такво сценарио најави и претседателот на Србија Александар Вучиќ во неделата по разговорите со кососвкиот претседател Хашим Тачи со пораката дека „тој нема ништо да потпишува, туку дека конечната одлука ќе ја даде народот“, пишува „Данас“.