08 Мај, 2024
0.0296

РЕФЕРЕНДУМ НА ВЕЛИГДЕН: Турција пред важна одлука-За што ќе се гласа?

Објавено во: Балкан 13 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Најкоментирана тема во моментов во Турција е поврзана со измените во основниот закон на земјата. 

Предвидените промени во турскиот устав ќе му дадат исклучителна моќ во рацете на претседателот. 

Амандманите кои се 18 на број, но влијаат уште на редица членови во уставот и така стануваат повеќе од педесет, беа дискутирани во турскиот парламент и прифатени со гласовите на пратениците од владејачката Партија на правдата и развојот и Партијата националистичко движење со лидер Девлет Бахчели, кој удри силно рамо на претседателот Ердоган. 

Промените беа изгласани од вкупно 488 пратеници, 339 од нив ги поддржаа, а 142-ца беа "против". Така беше донесена одлуката за референдум.

Откако претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган ги одобри изготвените промени, тие беа објавени во Службен весник во Турција. Потоа Високиот изборен одбор (турскиот ЦИК) го закажа датумот на референдумот на 16 април 2017 година.

 Уставните измени предвидуваат коренити промени во основниот закон на Турција. На референдумот на 16 април Турците ќе гласаат со билтени, обоеи во бело и светло кафена. На бела позадина е испишан зборот "да", а во кафеавиот дел - "не". 

Ако референдумот заврши со позитивен резултат, согласно изготвените уставни промени бројот на пратениците се зголемува од 550 на 600, а старосната граница за кандидат-на пратениците се намалува од 25 на 18 години. Изборите за парламент и претседател ќе се одржуваат еднаш на пет години во еден ден. Претседателот ќе има петгодишен мандат, а едно лице ќе може да се кандидира само два пати за оваа функција. Претседателот ќе остане лидер на партијата која го предлага .

 Кандидати за претседател ќе можат да поставуваат партии кои освоиле најмалку 5 проценти од важечките гласови на последните избори, како и со сто илјади потписи на луѓе кои имаат право на глас. Новиот систем ја доделува извршната власт на претседателот, а функцијата премиер се укинува.

Кабинетот исто така ќе го назначува претседателот, кој ќе може да ги именува и ги да разрешува и нивните заменици. Парламентот ќе може да иницира истрага против претседателот, потпретседателите и министрите. 

За таа цел ќе бидат потребни гласовите на 301 пратеници. За движењето на истрагата кон Врховниот суд сепак ќе бидат потребни гласовите на 401 пратеници. Парламентот нема да може да иницира гласање недоверба. Претседателот ќе може да издава декрети во врска со овластувањата во извршната власт. 

Законите ќе се изработуваат во Парламентот. Единствениот закон со кој претседателот ќе управува, е поврзан со буџетот на земјата. Претседателот ќе може да прогласи вонредна состојба. 

За време на вонредната состојба тој ќе има неограничени овластувања. Претседателот ќе може да го распушти Парламентот, кој пак ќе може да закаже предвремени парламентарни избори, а за целта ќе бидат потребни гласовите на 360 пратеници.

Можеби ќе ве интересира

БИЛ ВО ЗАТВОРОТ ВО НИШ: Зошто Курти не сакал да си замине?

БИЛ ВО ЗАТВОРОТ ВО НИШ: Зошто Курти не сакал да си замине?

(ВИДЕО) АЈКУЛИ ВО ПЛИТКОТО: Снимени се во две грчки летувалишта

(ВИДЕО) АЈКУЛИ ВО ПЛИТКОТО: Снимени се во две грчки летувалишта

„ГОЛЕМА ЧЕСТ ЗА НАШАТА ЗЕМЈА“: Брнабиќ ја нарече историска посетата на Кси Џинпинг, еве што кажа за соработката

„ГОЛЕМА ЧЕСТ ЗА НАШАТА ЗЕМЈА“: Брнабиќ ја нарече историска посетата на Кси Џинпинг, еве што кажа за соработката

Франција побара Советот на Европа да ја одложи одлуката за членство на Косово

Франција побара Советот на Европа да ја одложи одлуката за членство на Косово

АГОНИЈА НА СРПСКИ ТУРИСТИ НА ВРАЌАЊЕ ОД ГРЦИЈА Водичот им ги одзел пасошите, намерно оставил девојка на граница, па им се заканувал

АГОНИЈА НА СРПСКИ ТУРИСТИ НА ВРАЌАЊЕ ОД ГРЦИЈА Водичот им ги одзел пасошите, намерно оставил девојка на граница, па им се заканувал

„ПОТВРДА НА НАЈВИСОКИТЕ ОДНОСИ“ - еве ги трите главни причини зошто Си Џинпинг доаѓа во Белград

„ПОТВРДА НА НАЈВИСОКИТЕ ОДНОСИ“ - еве ги трите главни причини зошто Си Џинпинг доаѓа во Белград

ТИТОВИОТ ГИГАНТ ПОВТОРНО ПРОДАВА ИМОТ: Покрај зградата се продава и канцелариски мебел и сето тоа по багателна цена

ТИТОВИОТ ГИГАНТ ПОВТОРНО ПРОДАВА ИМОТ: Покрај зградата се продава и канцелариски мебел и сето тоа по багателна цена

„ДЕНЕСКА ПРЕСТАНУВАМ ДА ПИШУВАМ, БИДЕЈЌИ ЌЕ СЕ ПОСВЕТАМ НА ЛЕКУВАЊЕТО“ - Ведрана Рудан има рак, веста ја објави на својот блог

„ДЕНЕСКА ПРЕСТАНУВАМ ДА ПИШУВАМ, БИДЕЈЌИ ЌЕ СЕ ПОСВЕТАМ НА ЛЕКУВАЊЕТО“ - Ведрана Рудан има рак, веста ја објави на својот блог

„ДЕНЕСКА ТРЕБАШЕ ДА ЈА ДУВАМЕ СВЕЌАТА НА ТВОЈОТ ВТОР РОДЕНДЕН, НАШЕ НАЈМИЛО МАЛЕЧКО“ - таткото на Данка со потресна порака

„ДЕНЕСКА ТРЕБАШЕ ДА ЈА ДУВАМЕ СВЕЌАТА НА ТВОЈОТ ВТОР РОДЕНДЕН, НАШЕ НАЈМИЛО МАЛЕЧКО“ - таткото на Данка со потресна порака