09 Мај, 2024
0.0256

Регионални Центри за компании од Западен Балкан во Обединетите Арапски Емирати

Објавено во: Мои пари 05 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Компании од машинската индустрија, земјоделството, соларната енергија, отпадните води и информатичка технологија од регионот на Западен Балкан, веќе преговараат со претставници од слободните зони на Дубаи и Абу Даби за отпочнување со деловни активности во Обединетите Арапски Емирати. Раководителот на канцеларијата на Стопанската комора на Србија, во Дубаи, Марко Селаковиќ, информира дека првите регионални центри може да се очекува да бидат отворени до крајот на годината.

Неодамна потпишаните договори меѓу Стопанската комора на Србија и слободните зони на Обединетите Арапски Емирати им овозможуваат на компаниите и бизнисмените од регионот на Западен Балкан, под повластени услови индивидуално да основаат филијали на своите компании во слободните зони. Со овие договори ОАЕ на компаниите им обезбедуваат брзи процедури при постапките за основање компанија, со минимални и значително намалени трошоци, како и дополнителна поддршка при воспоставување контакти со банки, експерти и целосна логистика за започнување бизнис што е можно поефикасно.

Канцеларијата на Стопанската комора на Србија во Дубаи, која започна со работа пред два месеци, им овозможува на бизнисмените од регионот на Западен Балкна директно да се поврзат со конкретни деловни партнери, и ги поддржува во добивање информации за пазарот и условите за работа во Емиратите, како и во пласирањето на нивните производи и услуги не само на овој, туку и на пазарите на Блискиот исток, Африка и Индија. Обединетите Арапски Емирати се глобален центар за бизнис и логистика, кој овозможува полесно работење на пазарите кои опфаќаат 4,5 милијарди потрошувачи.

Особено е значајно дека компаниите ќе имаат поддршка од слободните зони при брза реализација на карго и логистичките процедури. Покрај тоа, компаниите можат да станат дел од специјализираните кластери или да користат услуги на инкубатори и центри за развој во слободните зони, со кои се склучени договорите. Некои од овие центри, особено во областа на информатичката технологија, авијацијата и производството и преработката на храна, се меѓу водечките во светот.

Во текот на изминатата недела, претседателот на Управниот одбор на Коморскиот инвестициски форум - КИФ, којшто е воедно и претседател на Стопанската комора на Србија,  Марко Чадеж, потпиша договори за соработка со Советот за слободни зони во Дубаи и Индустриската зона Калифа во Абу Даби, што обезбедува платформа за компаниите од Западен Балкан за нивен понатамошен развој и инвестиции кон глобалните пазари. За време на неговата посета, меѓу другото, реализираше средби и со претседателот на Стопанската комора на Дубаи, г-дин Хамад Бујамим, шефот на Стратешкиот комитет на Советот за слободни зони во Дубаи, г-дин Џум Ал Матруши, директорот на пристаништата во Абу Даби –“Abu Dhabi Ports Group”, г-дин Мохамед Ал Шамиси, како и со бројни претставници од бизнис секторот.


Сања Николова

м-р Сања Николова,
стручен соработник во Стопанската комора на Македонија


Можеби ќе ве интересира

Преку „Рамка за помош“, НЛБ Банка ја поддржува грижата за менталното здравје на адолесцентите: М–р Лариса Стојковиќ Трајкоска од Центар за раст и развој на личноста „Синтеза“

Преку „Рамка за помош“, НЛБ Банка ја поддржува грижата за менталното здравје на адолесцентите: М–р Лариса Стојковиќ Трајкоска од Центар за раст и развој на личноста „Синтеза“

Одбројуваме уште 15 дена до Конференцијата за комерцијални недвижности

Одбројуваме уште 15 дена до Конференцијата за комерцијални недвижности

БИМИЛК во Битола го носи д-р Ранко Рајовиќ за да го одбележи Светскиот ден на семејството

БИМИЛК во Битола го носи д-р Ранко Рајовиќ за да го одбележи Светскиот ден на семејството

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ денеска патува до својата крајна станица – Drunken Monkeys

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ денеска патува до својата крајна станица – Drunken Monkeys

АПРИЛ ВОЗБУДЛИВ ЗА ИГРАЧИТЕ НА ВЛТ: ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА ИМ ИСПЛАТИ НА ИГРАЧИТЕ ФАНТАСТИЧНИ 46.238.549 ДЕНАРИ

АПРИЛ ВОЗБУДЛИВ ЗА ИГРАЧИТЕ НА ВЛТ: ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА ИМ ИСПЛАТИ НА ИГРАЧИТЕ ФАНТАСТИЧНИ 46.238.549 ДЕНАРИ

Регионална кампања „Вистината е важна“ за опасностите кои ги носат дезинформациите и говорот на омраза

Регионална кампања „Вистината е важна“ за опасностите кои ги носат дезинформациите и говорот на омраза

Дали се сеќавате на оваа игра? Би ја играле и денес?

Дали се сеќавате на оваа игра? Би ја играле и денес?

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“