08 Мај, 2024
0.0306

РЕГИОНОТ ГО ПОТРЕСЕ ТЕКСТ НА ГЕРМАНСКИ НОВИНАР: Еве зошто е Балканот најкревко место во Европа!

Објавено во: Балкан 10 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Германскиот новинар Улрих Ладурнер со својата колумна во неделникот Ди Цајт го вознемири регионот но и европската јавност.

На самиот почеток на текстот „Балканот е најкревкото место на Европа“ се враќа на 1878 година, кога е одржана Берлинската конфернеција, чиј резултат била анексијата на БиХ од Астро-Унгарската монархија.

Тој потсетува на тогашните зборови на првиот канцелар на Германија Ото Фон Бизмарк, кој рекол дека Балканот е важен колку и „здравата коска на еден гренадир“, односно дека му е неважно.

Меѓутоа, Ладурнер смета дека Балканот итно треба да се најде на дневен ред на ЕУ, и тоа во самиот врв. Тој истакнува дека влијанието на Русија и Турција е се посилно на земјите во западниот Балкан, дека се посилно се зборува за војна, која веќе еднаш го разора овој дел од светот. Во таа смисла ЕУ би требало конечно овој континент да го стави „под своја шапка“.

Ладурнер на прашањето дали верува дека би можело да дојде до војна на Балканот, одговорiл одречно.

„Не верувам дека би можело да дојде до нова војна, но гледаме дека за тоа се говори, дека националистичките сили стануваат се погласни и се посилни во поедини делови на Балканот. Луѓето се едноставно изморени и тогаш се свртуваат на друга страна“, вели Ладурнер .

Друга страна се Русија и Турција. Тој вели дека поради инертноста на Европа народот кој живее на Балканот се помалку верува во идејата на ЕУ и поради тоа расте влијанието на странските сили.

„Под странски сили мислам на Русија и Турција. Тоа влијание би можело да биде опасно, но не во смисла да дојде до војна. Европа мора подобро, појасно и погласно да влијае и вели дека Балканот е европски, бидејќи му припаѓа на централниот дел на континентот“, истакнува овој угледен новинар.

„Европските политчари мора да посветат внимание на народот кој тука живее, а не на корумпиранa политичка елита, која тоа не го заслужува“, продолжува Ладурнер .

На прашањето што граѓаните на државите на Балканот можат да направат за да се доближат во ЕУ, со оглед на тоа дека тој процес кога се БиХ и Србија , тој одговара:

„Не сум јас некој кој треба да ви дава лекции што треба да правите. Проблем се вашите политчки елити и тоа можете само да го промените вие“, заклучува Ладурнер .

Можеби ќе ве интересира

БИЛ ВО ЗАТВОРОТ ВО НИШ: Зошто Курти не сакал да си замине?

БИЛ ВО ЗАТВОРОТ ВО НИШ: Зошто Курти не сакал да си замине?

(ВИДЕО) АЈКУЛИ ВО ПЛИТКОТО: Снимени се во две грчки летувалишта

(ВИДЕО) АЈКУЛИ ВО ПЛИТКОТО: Снимени се во две грчки летувалишта

„ГОЛЕМА ЧЕСТ ЗА НАШАТА ЗЕМЈА“: Брнабиќ ја нарече историска посетата на Кси Џинпинг, еве што кажа за соработката

„ГОЛЕМА ЧЕСТ ЗА НАШАТА ЗЕМЈА“: Брнабиќ ја нарече историска посетата на Кси Џинпинг, еве што кажа за соработката

Франција побара Советот на Европа да ја одложи одлуката за членство на Косово

Франција побара Советот на Европа да ја одложи одлуката за членство на Косово

АГОНИЈА НА СРПСКИ ТУРИСТИ НА ВРАЌАЊЕ ОД ГРЦИЈА Водичот им ги одзел пасошите, намерно оставил девојка на граница, па им се заканувал

АГОНИЈА НА СРПСКИ ТУРИСТИ НА ВРАЌАЊЕ ОД ГРЦИЈА Водичот им ги одзел пасошите, намерно оставил девојка на граница, па им се заканувал

„ПОТВРДА НА НАЈВИСОКИТЕ ОДНОСИ“ - еве ги трите главни причини зошто Си Џинпинг доаѓа во Белград

„ПОТВРДА НА НАЈВИСОКИТЕ ОДНОСИ“ - еве ги трите главни причини зошто Си Џинпинг доаѓа во Белград

ТИТОВИОТ ГИГАНТ ПОВТОРНО ПРОДАВА ИМОТ: Покрај зградата се продава и канцелариски мебел и сето тоа по багателна цена

ТИТОВИОТ ГИГАНТ ПОВТОРНО ПРОДАВА ИМОТ: Покрај зградата се продава и канцелариски мебел и сето тоа по багателна цена

„ДЕНЕСКА ПРЕСТАНУВАМ ДА ПИШУВАМ, БИДЕЈЌИ ЌЕ СЕ ПОСВЕТАМ НА ЛЕКУВАЊЕТО“ - Ведрана Рудан има рак, веста ја објави на својот блог

„ДЕНЕСКА ПРЕСТАНУВАМ ДА ПИШУВАМ, БИДЕЈЌИ ЌЕ СЕ ПОСВЕТАМ НА ЛЕКУВАЊЕТО“ - Ведрана Рудан има рак, веста ја објави на својот блог

„ДЕНЕСКА ТРЕБАШЕ ДА ЈА ДУВАМЕ СВЕЌАТА НА ТВОЈОТ ВТОР РОДЕНДЕН, НАШЕ НАЈМИЛО МАЛЕЧКО“ - таткото на Данка со потресна порака

„ДЕНЕСКА ТРЕБАШЕ ДА ЈА ДУВАМЕ СВЕЌАТА НА ТВОЈОТ ВТОР РОДЕНДЕН, НАШЕ НАЈМИЛО МАЛЕЧКО“ - таткото на Данка со потресна порака