03 Мај, 2024
0.0299

Ремдесивир влијае на скратување на периодот на хоспитализација, не на преживувањето: Уште нема лек специфичен за ковид, потврди Филипче

Објавено во: Македонија 27 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

До овој момент нема специфична терапија за лекување од корона вирусот, нема никаде во светот нема лек кој што е потврден да биде специфичен за Ковид-19, потенцираше министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес-конференција.

-И Фавипиравирот, лек за којшто исто така стигнаа огромен број прашања, е лек за кој што се водат бројни студии, има дури 30-тина стидии кои се прават во светот. Тука е и ремдесивирот, лек неспецифичен за оваа болест. Има одредени докази, дека влијае на скратување на периодот на хоспитализација, не на преживувањето. И во смисла на тоа, матичните лекари имаат насоки за целокупната терапија, согласно состојбата, клиничката слика, прегледите. Ако има потреба, пациентите ги упатуваат на болничко лекување, рече Филипче.

Истовремено, министерот истакна дека во сите болнички установи постои координирана комуникација меѓу сите институции во однос на пристапот кон пациентот.

– Има пациенти кои имаат широка лепеза на огромен број манифестации на болеста, сепак остава простор за еден пристап кој што значи лекување според кличката слика. Типот на лекување зависи од секојдневните анализи, кои што често се менуваат, па во зависност од тоа се менува и терпијата, дозите и типот на лекови, нагласи Филипче.

А.Б.

Можеби ќе ве интересира

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите

Велипеток - најтешкиот ден во годината

Велипеток - најтешкиот ден во годината

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи

„ЈАС ТВРДАМ ДЕКА ЛАЖЕ“: Најчевска распали по изјавата на Османи за две мнозинства, бара објаснување од поранешниот министер

„ЈАС ТВРДАМ ДЕКА ЛАЖЕ“: Најчевска распали по изјавата на Османи за две мнозинства, бара објаснување од поранешниот министер

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ