04 Мај, 2024
0.0283

Ретро елементи за екстра модерна кујна

Објавено во: Македонија 24 Март, 2022

Добивај вести на Viber

Во последните неколку години, видовме дека ретро стилот се враќа на големо со модни парчиња инспирирани од деведесеттите, телевизиски серии кои се случуваат во осумдесеттите и нашите дневни соби исполнети со зеленило и портокалови тонови кои нѐ враќаат во седумдесеттите. Истото важи и за мебелот и апаратите за домаќинство, бидејќи потрошувачите сакаат да имаат функционален апартман со модерен изглед со дизајнерски предмети кои му даваат посебен шмек.

Тајната привлечност на ретро дизајнот

Што е тоа во ретро дизајнот што го прави толку привлечен? Гледањето на одредени форми, бои и иконски стил не враќа во времето и оживува безгрижни спомени кога животот бил поедноставен. Чувството на носталгија е уште посилно во кујните каде што сите мириси, вкусови и топлина нѐ тераат да се потсетиме на старите добри времиња. Ако размислувате да ја реновирате вашата кујна и да и додадете шмек на ретро-шик, не треба да ја занемарите неверојатната ретро колекција на Gorenje. Без разлика дали размислувате за целосно реновирање на кујната или само сакате да ја „зачините“ и да го освежите целокупниот изглед, стилските самостојни фрижидери добиваат на популарност бидејќи нивната уникатност ги прави да се истакнат во секаков вид простор, било да е тоа топла фамилијарна кујна или кујна со елегантен минималистички стил.

Софистицирана технологија која ја одржува вашата храна свежа подолго време

Фантастична работа за модерниот дизајн на ретро апаратите за домаќинство е што тие се токму тоа – модерни. Не дозволувајте класичниот стил да ве измами; во денешните апарати се кријат врвните иновативни карактеристики. Ќе бидете воодушевени од IonAir технологијата која го имитира природниот процес на јонизација за да ја одржува вашата храна свежа подолго време, и системот за вентилација MultiFlow 360° кој ќе обезбеди постојана температура и микроклима на секоја полица. Во исто време, фиоката CrispZone со ниски температури и прилагодлива влажност ќе ги одржува овошјето и зеленчукот свежи и крцкави како штотуку да сте ги набрале од вашата градина. Звучи неверојатно, нели?

Одржлив, тивок и штедлив апарат за домаќинство 

Дали знаевте дека акумулацијата на мраз во вашиот фрижидер ја зголемува потрошувачката на енергија? Понатаму, одмрзнувањето и чистењето се веројатно една од најдосадните домашни работи. За среќа, со системот за ладење NoFrost Plus, можете да заборавите на таложењето мраз и мразот на храната, а притоа да ја држите потрошувачката на енергија на ниско ниво. При изборот на нов апарат, стилскиот изглед е исто толку важен како и еколошкиот аспект на истиот. Инвертер технологијата од една страна ќе заштеди енергија и ќе го направи вашиот апарат потивок, а од друга страна ќе го продолжи неговиот животен циклус, правејќи го поеколошки. Последно, но не и најмалку важно, паметниот систем AdaptTech постојано ја следи и анализира употребата на фрижидерот, одржувајќи ја оптималната температура во него, без разлика колку често ја отворате вратата. Надградената ретро колекција од Gorenje ги исполнува сите критериуми на модерната опрема за кујна што штеди енергија.

Дајте ѝ свеж изглед на вашата кујна со самостоен ретро фрижидер од Gorenje кој ќе се вклопи во секоја просторија. Оваа уникатна комбинација на ретро изглед кој доаѓа во четири бои и паметни карактеристики гарантирано ќе создаде многу незаборавни моменти во кујната во годините што доаѓаат.

Вашиот ретро фрижидер ве чека во Gorenje по промотивна цена до 15 април 2022 година или до истекот на залихите на веб продавницата mk.gorenje.com, како и во продажните салони на Gorenje или во партнерските продавници на Gorenje. Едноставно можете да дознаете повеќе за оваа специјална понуда тука.


ПР објава

Можеби ќе ве интересира

ЗЕМЈОТРЕС ВО СКОПЈЕ: Не се знае колку степени беше, но дел од граѓаните велат бил значително силен

ЗЕМЈОТРЕС ВО СКОПЈЕ: Не се знае колку степени беше, но дел од граѓаните велат бил значително силен

ДВЕ ЛИЦА ЗАГИНАА ВО СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: едно лице е хоспитализирано

ДВЕ ЛИЦА ЗАГИНАА ВО СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: едно лице е хоспитализирано

ГИ ИЗГРИЗАЛО КАБЛИТЕ ЗА ИНТЕРНЕТ - куче кое пропаднало во шахта ги остави без мрежа „Филип Втори“ и „Букурешт“

ГИ ИЗГРИЗАЛО КАБЛИТЕ ЗА ИНТЕРНЕТ - куче кое пропаднало во шахта ги остави без мрежа „Филип Втори“ и „Букурешт“

СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: сообраќајот е во прекин

СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: сообраќајот е во прекин

ЕЛЕКТРИЧЕН СТОЛБ ПАДНА НА ПАТОТ ГОСТИВАР - КИЧЕВО: кабли распослани по улицата, сообраќајот во прекин

ЕЛЕКТРИЧЕН СТОЛБ ПАДНА НА ПАТОТ ГОСТИВАР - КИЧЕВО: кабли распослани по улицата, сообраќајот во прекин

ЕНОРМНО ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ ЌЕ СЕ ВРЗАТ ЗА МИНИМАЛНАТА: Најчевска најавува „чистење“ преку укинување на бенефициите, еве што објави

ЕНОРМНО ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ ЌЕ СЕ ВРЗАТ ЗА МИНИМАЛНАТА: Најчевска најавува „чистење“ преку укинување на бенефициите, еве што објави

ЌЕ СЕ СЛЕДАТ ТРАНСАКЦИИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИ, ОБВИНИТЕЛИ, БИЗНИСМЕНИ КОИ РАБОТАТ СО ДРЖАВАТА - еве што најави Димитриеска Кочоска

ЌЕ СЕ СЛЕДАТ ТРАНСАКЦИИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИ, ОБВИНИТЕЛИ, БИЗНИСМЕНИ КОИ РАБОТАТ СО ДРЖАВАТА - еве што најави Димитриеска Кочоска

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра