Добивај вести на Viber
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, вечерва објави дека е позитивен на корона вирусот, откако ги добил резултатите од тестирањето.
„Почитувани, би сакал да ве информирам дека и покрај строгото почитување на мерките коишто ги превземам за моја лична и заштита на луѓето околу мене од почетокот на пандемијата, вечерва добив позитивен резултат за Ковид 19.
Клиничката слика ми е добра, со благи симптоми и веќе сум во домашна самоизолација. Чувајте се“, напиша Спасовски на фејсбук.