РИА Новости: Влезот на Македонија во НАТО може да биде решен за три до четири месеци
Објавено во: Македонија 17 Јули, 2017
Прашањето за влез на Македонија во составот на НАТО би можело да биде решено во наредните три до четири месеци, изјавил неименуван европски дипломат, објави РИА Новости.
„Преговорите драстично се убрзаа. Планираме да ги завршиме за три до четири месеци, што значи на есен“- изјавил европскиот дипломат за руската агенција.
Според него, преговорите се убрзани на иницијатива на САД, пренесува „Спутник“. Медиумите претходно пишуваа дека Северноатланстаката алијанса планира до пролетта 2018 година во својот состав да ја внесе и Македонија, а за да се постигне тоа, официјално Скопје би требало да го промени името на државата.
И претходно овој дипломат изјавувал дека Македонија може да стане членка на НАТО до пролетта 2018 година.