20 Декември, 2025
0.0464

РИБА ВО РЕСТОРАН 110 ЕВРА, ПАЛАЧИНКИ НА ПЛАЖА ШЕСТ - цените на Јадранот ги бркаат Германците, Марио со години летувал таму, но ова уште не го доживеал

Објавено во: Економија 09 Јули, 2023 13:57

Добивај вести на Viber

Поради високите цени, летувањето на Јадранот стана исклучителен предизвик за многумина, па дури и за побогатите странци - особено од Германија, кои се најбројни гости.

Сезонава туристите треба да заштедат до 22 евра за плескавица, 18 евра за лигњи и околу шест евра за палачинки.

А ако сакаат килограм свежа риба, за тоа задоволство треба да се издвојат 110 евра.

Марио од Австрија вели дека ја сака Хрватска, но поради „до небо растечките“ цени во Хрватска, размислува следната година да пие коктели во Грција или Египет.

- Прескапо е и престануваме да одиме на одмор во Хрватска. Само станот без ништо не чини околу 2.200 евра за две недели. Пред две години за истото ќе платив половина - искрен е Марио.

Туристите ја напуштаат Хрватска поради превисоките цени

Не му се допаѓа и тоа што мала порција компири на плажа чини како пет килограми компири во продавницата.

- Четири евра? Многу е скапо, во Австрија би платиле можеби два и пол помфрит - раскажува Марио за хрватскиот портал.

Инаку, во Хрватска во моментов има 50.000 гости повеќе од лани во ова време, а најдобри се Ровињ, Пореч и Дубровник.

Директорот на Туристичкиот одбор на градот Дубровник, Миро Драшковиќ, објасни дека градот има „свое ниво на цени“, но дека има и квалитетна понуда и многу капацитети.

Слично на Марио од Австрија, на цените на храната на хрватското приморје годинава се жалат и Марија и Алекс од Германија, кои платиле седум евра за две топки сладолед.

- Ние сме од Германија, а таму е 1,5 евро топка, а овде можеме само да гледаме - вели Татјана, мајка на три деца. 

И на крајот од оваа приказна, да ги погледнеме цените за сместување. Анамари од Белгија платила 89 евра за една ноќ во кампот.

- Во Паг, домаќинката ни се извини бидејќи цената на кампувањето е толку висока. Ова е толку прекрасна земја, но за жал, не се враќаме. Имаме пријатели кои имаат и кампер и веќе им пишавме да не доаѓаат - заклучи Анамари.

(Dnevnik.hr/Luftika)

Можеби ќе ве интересира

Синдикалната минимална кошница во декември зголемена на 65 492 денари

Синдикалната минимална кошница во декември зголемена на 65 492 денари

ЕСМ бара од Владата да прогласи кризна состојба, опозицијата смета дека тоа е поради рекордните загуби

ЕСМ бара од Владата да прогласи кризна состојба, опозицијата смета дека тоа е поради рекордните загуби

Истражување: Европските компании во работниот процес се повеќе ангажираат „аутсорсинг“

Истражување: Европските компании во работниот процес се повеќе ангажираат „аутсорсинг“

Заменик-министерот Јанкуловски: Македонија ќе ја заврши 2025 година со јавен долг од 10,2 милијарди евра

Заменик-министерот Јанкуловски: Македонија ќе ја заврши 2025 година со јавен долг од 10,2 милијарди евра

Европа половина од природниот гас го купува од Норвешка

Европа половина од природниот гас го купува од Норвешка

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?