РИМАЦ АВТОМОБИЛИТЕ ГО ПРОМЕНИЛЕ ЛОГОТО: До крајот на годината ќе „пораснеме“ за 400 луѓе
Објавено во: Балкан 27 Јануари, 2018
Новиот модел нема ниту еден заеднички дел со Concept-On кој дојде до крајот на патот.
Продадени се осум, а последните три се во производство и треба да бидат испорачани.
Сега веќе станува правило дека салонот со автомобили со најдолга традиција, оној женевски го одбележува еден произведувач на електрични суперавтомобили.
Од 8 до 18 март Мате Римац во Женава ќе го претстави својот нов автомобил на Меѓународен салон на автомобили.
Од Римац автомобили дозволија јавноста да погодува за каков автомобил се работи така што објавија кратко видео и фотографии, при што се виде само силуета од автомобилот и буквата R, сето тоа со интригантна порака - зошто да играте по правилата кога можете да ја промените играта.
Очигледно се работи за спортски автомобил, кој сигурно ќе има врвни перформанси, светските медиуми наравија паралела со Теслин Роудстер.
Но, малку е веројатно дека тоа им е намерата на Римац автомобилите со оглед на нивниот развој на автмобили со високи перформанси.
Од компанијата велат дека за повеќе детали ќе мора да се почека до одржување на настанот во Женева, но се работи за потполно нов автомобил и платформа.
Додаваат дека произведуваат спортски автомобили и не планираат да одат во други серии и пониски цени.
Целиот текст можете да го прочитате овде.