РКЕ објави, од полноќ имаме нови цени на горивата
Објавено во: Економија 16 Март, 2022
Од полноќ ќе имаме нови цени на горивата.
Бензините од вечерва на полноќ ќе се продаваат по цени пониски за пет денари по литар, а дизелот поевтинува за шест денари по литар, објави попладнево Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Цената на екстралесното масло се намалува за пет и пол денари.
Еве ги новите цени:
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 81,50 (денари/литар)
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 83,50 (денари/литар)
– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 79,00 (денари/литар)
– Масло за горење – Екстралесно 1 (ЕЛ-1) – 75,50 (денари/литар)
– Мазут М-1 НС – 56,749 (денари/килограм)