Робот се самоуби, интернетот не може да се совземе
Објавено во: Свет 18 Јули, 2017
Роботот K5 од американската компанија Knightscope кој бил поставен за обезбедување во комерцијален објект во Калифорнија влетал во фонтана со вода и целосно прегорел. Ваквиот инцидент веднаш на социјалните мрежи беше окарактеризиран како „самоубиство“ на роботот.
„Ни ветуваа летечки автомобили, а сега имаме робот кој се удави“ е еден од сатиричните коментари на Твитер. Други пак иронично велат дека самоубиството е сериозна тема и затоа не треба да има потсмев за роботот К5. Други пак, коментираат зошто никој не му обрнал внимание на роботот и не го спречил од самоубиствените нагони. Исто така има коментари дека на К5 му се смачил ангажманот па решил да си ги „скрати маките“.
Од компанијата Knightscope засега немаат точно објаснување зошто роботот паднал во фонтатана и дали е воопшто способен да се користи за асистенција на чуварската служба. Од компанијата ветија дека К5 роботите ќе може наскоро да детектираат и кој носи оружје, но се уште се далеку од своите замисли.