03 Мај, 2024
0.0286

Роднините на убиениот работник од Македонија во Кабул ја чекаат потврдата од МНР, но од таму никако да стигне

Објавено во: Македонија 04 Август, 2018

Добивај вести на Viber

Илија Мерџановски од Љубанци е убиениот триесет и седум годишен Македонец во Авганистан. Официјална потврда од Министерството за надворешни работи се уште нема, велат дека поради сериозноста на случајот не можат да коментираат се додека од тамошните институции не добијат официјална информација по нивното барање.

Роднините велат дека уште потешко е тоа што нема уште официјалната потврда и транспортирањето на телото не знаат кога ќе пристигне во Македонија.

Светските медиуми пренесуваат информација од авганистанското МВР дека станува збор за терористички акт, а се сомневаат и дека возачот на автомобилот е вмешан во тројното убиство. Киднапирани со врзани раце, а потоа стрелани во глава. Нивните лични документи биле пронајдени покрај нивните тела.

Покрај Илија Мерџановски, ликвидирани се уште двајца – 39 годишен Индиец и 64 годишен Малезиец кои биле негови колеги во „Содексо“, компанијата за кетеринг..

Кабул е главниот град на Авганистан каде што има многу странски државјани кои се на печалба како кувари, водоводџии, електричари. Имаат високи плати, но голем ризик по живот. На мета на милитантните групи се токму странците, кои често ги киднапираат и за нивниот живот бараат скап откуп.


Можеби ќе ве интересира

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите

Велипеток - најтешкиот ден во годината

Велипеток - најтешкиот ден во годината

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи

„ЈАС ТВРДАМ ДЕКА ЛАЖЕ“: Најчевска распали по изјавата на Османи за две мнозинства, бара објаснување од поранешниот министер

„ЈАС ТВРДАМ ДЕКА ЛАЖЕ“: Најчевска распали по изјавата на Османи за две мнозинства, бара објаснување од поранешниот министер

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ