05 Мај, 2024
0.0259

РОКОТ ПРОБИЕН: Абер се нема за распишување на локалните избори

Објавено во: Македонија 21 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Локалните избори заглавија во Собранието.

На 14 мај завршува мандатот на актуелните градоначалници а Собранието не може да избере претседател кој единствено според Уставот може да ги распише локалните избори. 

Во оваа состојба е нејасно дали пратениците би можеле да ги направат неопходните измени на членовите од законите кои се директно поврзани со локалните избори.

До Уставниот суд се поднесени две иницијативи, едната е поднесена од страна Министерството за локална самоуправа, а другата од првиот човек на Светскиот македонски конгрес Тодор Петров.

Во првата иницијатива од Министерството за локална самоуправа побараа да  се преиспита уставноста на спорните членови 35 и 49 од Законот за локална самоуправа кои се однесуваат на мандатите на градоначалниците и советите.

Она што е нејасно овде е што откако истече мандатот на градоначалниците и советите ако не се распишаат нови избори.

Додека во втортата иницијатива Петров бара поништување на членот 16 од Изборниот законик. Според тој член има термин на средината на мај за одржување на локалните избори.

Ситуацијата уште повеќе се усложнува бидејќи нема рок до кога Уставниот суд треба да одговори на овие иницијативи, што значи дека се би можело да излезе од контрола ако наскоро не се реши ова прашање.

Подетални објаснувања може да прочитате во неодамнешното интервју на Фактор со министерката за локална самоуправа д-р Ширет Елези која гледа неколку опции според расположливата законска регулатива, но неопходно е што побрзо да се реши политичката криза.

Можеби ќе ве интересира

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник

МОЈСОСКА: Апел до сите пратеници да се откажат од патните трошоци по примерот на Левица

МОЈСОСКА: Апел до сите пратеници да се откажат од патните трошоци по примерот на Левица

МИЦКОСКИ: Воскресението е потврда дека надежта секогаш ќе победи

МИЦКОСКИ: Воскресението е потврда дека надежта секогаш ќе победи

ПЕНДАРОВСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Да се сплотиме околу визијата за хумано, праведно и просперитетно македонско општество

ПЕНДАРОВСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Да се сплотиме околу визијата за хумано, праведно и просперитетно македонско општество

ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско

ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца