РОМАНКАТА СНИМЕНА СО ДЕТЕТО КОЕ ЛИЧИ НА ДАНКА ВО ВИЕНА: Ми се јавија колегите и ми кажаа дека има потрага по мене и мајка ми
Објавено во: Балкан 05 Април, 2024
Ана по потекло од Романија, е жената која е снимена во Виена заедно со детето кое личи на Данка Илиќ, девојчето кое исчезна и е убиено во Србија.
Романката која живее во Флоридсдорф во Виена, за Кроне раскажала како дознала дека во Србија исчезнало дете.
„Шокирана сум на многу нивоа. Само што се вратив дома од работа и полицијата ме извести дека Данка сега очигледно е пронајдена. Но, сепак сум шокирана што луѓето погрешно ме бараа низ цела Европа“, изјави таа за Кроне.
Објасни дека нејзиното дете е постаро од Данка.
„Мојата ќерка изгледа сосема поинаку, а исто така е една година постара. Не знам како можете да ги измешате овие две деца. Без разлика, јас со години не сум била во Србија. Родена сум во Романија и од 2015 година живеам и работа во Австрија“, рече таа.
Таа раскажа и како по видеото дознала дека полицијата ја бара.
„Бевме поканети кај еден пријател во Велс за Велигден. Потоа ми се јавија колегите од работа кои исто така ја познаваат ќерка ми. Тие рекоа дека е меѓународна потрага по мене и мајка ми. Јас веднаш сакав да го расчистам недоразбирање. Минувам низ пеколот од недела, само сакам сите да знаат. Ние не сме криминалци и не киднапиравме дете“, заклучи таа.
Потоа српските власти приведоа двајца мажи кои со возило ја прегазиле Данка, едниот од нив ја задавил и ја фрлиле на депонија.