26 Април, 2024
0.0293

Роми од Македонија и Србија бараат пензија од Германија поради гетоизирање

Објавено во: Свет 21 Мај, 2019

Добивај вести на Viber

Роми во третата доба од животот нема да добијат пензии поради гетоизирање од страна на нацистичките окупатори во Македонија и Србија за време на Втората Светска Војна, одлучи Берлинскиот социјален суд,.оренесува „Ди Велт“. Поединци и здруженија на Роми преку адвокатски друштва се обиделе да добијат слична пензија како и Евреите, кои сега добиваат вакви бенефиции од Германија поради тоа што биле гетоизирани и принудени да работат неблагодарни задачи по градовите низ Европа.

Иницијативата ја поднесе жена Ромка со изјава дека како дете од април 1941 до септември 1944 година била присилена да живее во гето во српското село Смедеревска Паланка. Таму таа била задржана од германски војници и за да не гладува морала да се грижи за коњите, мазгите и другиот добиток. но сведочењето е одбиено од страна на Берлинскиот социјален суд. 

Како причина за тоа се наведува дека не постојат доверливи документи кои докажуваат дека во Србија и Македонија постоеле гета за припадниците на ромската етничка група за време на нацистичката окупација. Исто така, судот објави дека ниту другите тужители не можеле да се потпрат на усториски факти. Исто така тие не можеле ниту да докажат дека за време на војната живееле токму во тие гета за кои што тврдат.

Социјалниот суд вели дека во последниве години Ромите од територијата на поранешна Југославија сè повеќе се залагале за пензиско обештетување поради присилно живеење во гето. Пензиското осигурување категорично го отфрли тоа во Германија. Досега околу 200 лица се жалеа на адвокатска фирма. 


Можеби ќе ве интересира

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

(ВИДЕО) УКРАИНКА САКАЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ: Со парите кои планирала да ги земе сакала да почне бизнис

(ВИДЕО) УКРАИНКА САКАЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ: Со парите кои планирала да ги земе сакала да почне бизнис

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек