14 Мај, 2024
0.0245

Ротердам развива технологија за изградба на патишта од пластика

Објавено во: Стил 31 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

Деновите во кои веќе нема да има прошарани со дупки асфалтни улици веројатно дојдоа до својот крај.

Холандската градежна компанија "Фолкер Веселс" планира да почне да гради патишта со модуларни панели од рециклирана пластика, кои ќе бидат ем поиздржливи на временските услови и сериозноста на патниот сообраќај, ем и попрактични од сегашните асфалтни коловози.

Имајќи го предвид специјалниот материјал, оваа подлога е многу здрава. Покриените со него патишта би имале три пати подолг гарантен рок во споредба со асфалтни патишта и ќе можат да издржат големи температурни амплитуди - од минус 40 до плус 80 степени Целзиусови, категорична е компанијата-производител.

Меѓу другите предности е дека изградбата на овие патишта би била многу побрза, а цевките на урбаната водоводна мрежа и каблите ќе можат да минуваат низ специјално приспособени шуплини во панелите, без да се потребни активности на ископување.

Не е за потценување и тоа дека компанијата тврди дека овие патишта би биле многу тивки. Во оваа фаза тоа е само добра идеја врз која холандската градежна компанија работи. Но таа наскоро планира да ја тестира издржливоста на технологијата во реални услови. Тоа ќе се случи благодарение на општината во данскиот град Ротердам, која покажа интерес за овој производ и се надева ако технологијата се покаже квалитетна, изградбата на такви патишта во градот да стане практика во рамките на идните 3 години.

Градското собрание на Ротердам дури и доделило на компанијата "Фолкс Веселс" своја лабораторија, во која да биде напредна технологијата на панелите од рециклирана пластика, бидејќи развојот на оваа технологија отвара дупки и кон развојот на многу и различни урбани иновации кои би можеле да ја подобрат урбанизираната средина.