РУШИ РЕКОРДИ: Фејсбук го објави најдобриот квартал во историјата!
Објавено во: Економија, Мои пари 28 Јануари, 2016 11:08
Фејсбук со леснотија ги надмина и најоптимистичките прогнози на аналитичарите од Волстрит во однос на приходите и профитот по акција, пишува CNBC.
Доцна вчера социјалната мрежа ги објави резултатите за четвртиот квартал од 2015 година.
Според нив Фејсбук предвиде заработка по акција од 0.79 долари кај приходи од 5.84 милијарди долари. Највисоките очекувања на аналитичарите беа за приходи од 5.67 милијарди долари и добивка по акција од 75 центи.
Просечните очекувања беа уште пониски, односно 68 центи и 5.37 милијарди долари приходи.
Во надворешната трговија акциите на компанијата поскапеа за 12%, до 105.90 долари за готово, откако ја завршија сесијата на 94.45 долари.
Акциите на социјалната мрежа достигнаа рекордни 110.65 долари на 5 ноември. Зголемувањето во рамките на вчерашниот ден го одбележаа и акциите на конкурентите од LinkedIn и Twitter. За целата 2015 година Facebook предвиде приходи од 17.93 милијарди долари, што е зголемување од 44% во однос на претходната година. Во споредба со четвртиот квартал од 2014 година, компанијата, предводена од Марк Цукенберг, ги подобри приходите со 52%, а добивката по акција - со 46 отсто.
Вкупниот број на корисници на крајот на 2015 година веќе е 1,59 милијарди лица, а од нив 1,44 милијарди уживаат во платформата на своите мобилни телефони.
За прв пат во историјата на Фејсбук повеќе од 90% од дневниот и месечен сообраќај доаѓа токму од корисниците со телефони. Повеќе од 80% од приходите на платформата исто така доаѓаат од овој канал. Секој ден корисниците на компанијата гледаат повеќе од 100 милиони часа видео материјал, а реклами на Фејсбук денес имаат веќе 2,5 милиони компании.
Можеби ќе ве интересира
Компанија од Емиратите најблиску да ја купи Нафтена индустрија на Србија (НИС)
Синдикалната минимална кошница во декември зголемена на 65 492 денари
ЕСМ бара од Владата да прогласи кризна состојба, опозицијата смета дека тоа е поради рекордните загуби
Истражување: Европските компании во работниот процес се повеќе ангажираат „аутсорсинг“
Заменик-министерот Јанкуловски: Македонија ќе ја заврши 2025 година со јавен долг од 10,2 милијарди евра
Европа половина од природниот гас го купува од Норвешка
Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?
ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?




