05 Мај, 2024
0.0246

Русија бара САД да си ги приберат штитениците на Косово

Објавено во: Свет 24 Ноември, 2018

Добивај вести на Viber

Русија  реагираше по најновите случувања на Косово. 

Прашуваат дали САД и ЕУ не можат да ги приберат своите штитеници?

Министерството за надворешни работи на Русија, по повод упадот на единицата РОСУ и апсењето на четворицата Срби во северниот дел на Косовска Митровица соопшти дека ЕУ и САД „или не се во состојба да ги зауздаат своите штитеници или го одобруваат нивното агресивно однесување“.

Москва упадот на косовските полициски специјалци во северниот дел на Косовска Митровица и апсењето на четворицата Срби го нарече нова провокација на Приштина, чија цел е „протерување на Србите од покраината“.

„Очигледно е дека Приштина ја продолжува политика на етничко чистење и разгорување „трговска војна“ на Балканот, кое следи по одлуката на „владата“ на Косово од 22 ноември оваа година за воведување данок од 100 отсто на увозот на српска стока, вклучувајќи прехранбени производи, лекови, печатени материјали и слично“, се наведува во соопштението и се истакнува дека целта е да се создадат неподносливи услови за живот за Србите во нивните родни места.

Во коментарот се осудуваат потезите на Приштина за кои се оценува дека водат кон конфликт.

„Се стекнува впечаток дека Европската Унија и Америка, кои веќе повеќе години им пружаат покровителство на косовските Албанци, или не се во состојба да ги зауздаат своите „штитеници“ или го одобруваат нивното однесување. Во врска со тоа сметаме дека е особено важен одговорниот став на раководството на Србија кое вложува напори за да се смират тензиите“, стои во реакцијата.

Се наведува дека е изненадувачко повлекувањето на КФОР кој, се потсетува, функционира врз основа на мандатот на Советот за безбедност на ОН и има обврска „не само да реагира на провокациите на соодветен начин, туку и да дејствува превентивно за да се избегне раст на тензиите“.

Уапсени беа Срби кои се товарат дека се поврзани со убиството на Оливер Ивановиќ, лидер на косовските Срби. Тие добијат 30 дена притвор. 

Можеби ќе ве интересира

УНИШТЕНИ ДОМОВИ, ПАТИШТА, МОСТОВИ: Колку луѓе загинаа во поплавите во Кенија?

УНИШТЕНИ ДОМОВИ, ПАТИШТА, МОСТОВИ: Колку луѓе загинаа во поплавите во Кенија?

ГАЗА: Луѓето во северниот дел гладуваат

ГАЗА: Луѓето во северниот дел гладуваат

ЕРУПЦИЈА НА АНТАРКТИКОТ: Вулкан исфрла 80 грама злато дневно

ЕРУПЦИЈА НА АНТАРКТИКОТ: Вулкан исфрла 80 грама злато дневно

ФИДАН: Должност на целата глобална муслиманска заедница е да ги збие редовите во одбрана на Палестинците

ФИДАН: Должност на целата глобална муслиманска заедница е да ги збие редовите во одбрана на Палестинците

(ВИДЕО) ЗЕЛЕНСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Бог има украинско знаме на рамото, животот ќе ја победи смртта

(ВИДЕО) ЗЕЛЕНСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Бог има украинско знаме на рамото, животот ќе ја победи смртта

ТИНЕЈЏЕР ИЗБОДЕ МАЖ СО НОЖ: Tepoристички напад во Австралија

ТИНЕЈЏЕР ИЗБОДЕ МАЖ СО НОЖ: Tepoристички напад во Австралија

(ВИДЕО) УКРАИНКА ОДЕШЕ ПЕШ 10 КИЛОМЕТРИ ЗА ДА СЕ СПАСИ: Има 98 години и со бастун стигна до територијата под контрола на Украина

(ВИДЕО) УКРАИНКА ОДЕШЕ ПЕШ 10 КИЛОМЕТРИ ЗА ДА СЕ СПАСИ: Има 98 години и со бастун стигна до територијата под контрола на Украина

УШТЕ ЕДНА ПОТЕРНИЦА: Русија го бара и командантот на копнените сили на Украина, Александар Пављук

УШТЕ ЕДНА ПОТЕРНИЦА: Русија го бара и командантот на копнените сили на Украина, Александар Пављук

ОВИЕ РАСТЕНИЈА МОЖАТ ДА ДОНЕСАТ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Годишно може да се заработат 40.000 евра, само еден грам зачин чини 40 евра

ОВИЕ РАСТЕНИЈА МОЖАТ ДА ДОНЕСАТ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Годишно може да се заработат 40.000 евра, само еден грам зачин чини 40 евра