Русија и САД ќе започнат заеднички воени дејствија во Алепо
Објавено во: Свет 15 Август, 2016
Русија и САД се блиску до тоа да започнат заеднички воени дејства против бунтовничките борци во сирискиот град Алепо, соопшти агенција РИА, повикувајќи се на рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу. „Во многу активна фаза од преговорите сме со американските колеги. Чекор по чекор се приближуваме кон план кој ќе овозможи да почнеме да војуваме заедно за да има мир и луѓето да можат да се вратат во своите домови во оваа проблематична територија“, истакна Шојгу.
Претходно денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека хуманитарната ситуација во Алепо е катастрофална и тричасовен прекин на огнот не е доволно. Потребни се и сигурни коридори за испорака на помошта.
Лавров посочи дека исламистите го користат привременото примирје во регионот, за да се превооружат и регрупираат. За продолжување треба да се решат некои проблеми како овој за поделбата меѓу умерената сириска опозиција и групите „Исламска држава„ и „Джебхат ан-Нусра“.