06 Мај, 2024
0.0316

РУСИЈА МОНАРХИЈА: Путин повторно ја одби круната-не сака да биде цар и точка!

Објавено во: Свет 16 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Премиерот на Крим Сергеј Аксјонов побарал од Русија повторно да стане монархија, а претседателот Владимир Путин да стане цар, или, ако не го сака тоа, доживотен претседател со неограничени овластувања.

„Нас во Русија не ни е потребна демократија каква што претставуваат западните медиуми. Ние имаме сопствена православна традиција и верувам дека на Русија и е неопходна монархија“, рекол Аксјонов .

Како пренесуваат агенциите, тој споменал дека Владимир Путин би можел да ја добие царската титула.

„Демократијата денес е непотребна, ако се имаат предвид моменталните ситуации и надворешни непријатели. Поради тоа е неопходно барем да му се дадат на Путин поголеми овластувања, рамни на диктаторските, или да му се  даде титула на доживотен претседател. Тој нема алтернатива, мора да владее до крајот на животот“, рекол Аксјонов 

Кремљ ја отфрли оваа идеја.

„На Путин не му се допаѓа идејата на враќање на монархија. Ни идеите за проширување на предсетаделски овластувања не му се допаѓаат. Повеќе пати во последните пет години го прашуваа за тоа и тој повеќе од еднаш одговори дека не е оптимист кон таквата пракса. Тоа е добро познато“, рекол Димитриј Песков, портпарол на рускиот лидер.

Ова не е прв пат некој да бара од Путин да му се даде царска титула. Во јануари таа идеја ја изнесе и свештеникот од руската црква Всеволод Шаплин.

„Ние сме земја со монархистички менталитет, имаме такви сфаќања дека Русија не може да биде без цар. Би можече да ја обновиме монархијата со Путин како цар или некој наследник на Романови, а можно би било и бирање на цар“, порачал тој.

Можеби ќе ве интересира

УНИШТЕНИ ДОМОВИ, ПАТИШТА, МОСТОВИ: Колку луѓе загинаа во поплавите во Кенија?

УНИШТЕНИ ДОМОВИ, ПАТИШТА, МОСТОВИ: Колку луѓе загинаа во поплавите во Кенија?

ГАЗА: Луѓето во северниот дел гладуваат

ГАЗА: Луѓето во северниот дел гладуваат

ЕРУПЦИЈА НА АНТАРКТИКОТ: Вулкан исфрла 80 грама злато дневно

ЕРУПЦИЈА НА АНТАРКТИКОТ: Вулкан исфрла 80 грама злато дневно

ФИДАН: Должност на целата глобална муслиманска заедница е да ги збие редовите во одбрана на Палестинците

ФИДАН: Должност на целата глобална муслиманска заедница е да ги збие редовите во одбрана на Палестинците

(ВИДЕО) ЗЕЛЕНСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Бог има украинско знаме на рамото, животот ќе ја победи смртта

(ВИДЕО) ЗЕЛЕНСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Бог има украинско знаме на рамото, животот ќе ја победи смртта

ТИНЕЈЏЕР ИЗБОДЕ МАЖ СО НОЖ: Tepoристички напад во Австралија

ТИНЕЈЏЕР ИЗБОДЕ МАЖ СО НОЖ: Tepoристички напад во Австралија

(ВИДЕО) УКРАИНКА ОДЕШЕ ПЕШ 10 КИЛОМЕТРИ ЗА ДА СЕ СПАСИ: Има 98 години и со бастун стигна до територијата под контрола на Украина

(ВИДЕО) УКРАИНКА ОДЕШЕ ПЕШ 10 КИЛОМЕТРИ ЗА ДА СЕ СПАСИ: Има 98 години и со бастун стигна до територијата под контрола на Украина

УШТЕ ЕДНА ПОТЕРНИЦА: Русија го бара и командантот на копнените сили на Украина, Александар Пављук

УШТЕ ЕДНА ПОТЕРНИЦА: Русија го бара и командантот на копнените сили на Украина, Александар Пављук

ОВИЕ РАСТЕНИЈА МОЖАТ ДА ДОНЕСАТ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Годишно може да се заработат 40.000 евра, само еден грам зачин чини 40 евра

ОВИЕ РАСТЕНИЈА МОЖАТ ДА ДОНЕСАТ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Годишно може да се заработат 40.000 евра, само еден грам зачин чини 40 евра