РУСИЈА НЕ ПРИФАЌА: Ништо од намалување на производството на нафта
Објавено во: Економија 07 Март, 2020
Земјите-членки на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) не успеаја да договорат мерки за намалување на производството на нафтата на состанокот во Виена.
Русија, наводно, не се согласила со предлозите за намалување на производството на нафта, тврдејќи дека е доволно да се продолжи постојната зделка до вториот квартал на 2020 година, дознава РИА од неименувани извори, пренесе Б92.
Според неименуван извор, бидејќи преговорите пропаднале, постои опасност договорот на ОПЕК плус, кој е во сила од почетокот на 2017 година, да може да заврши на крајот на март.
Поради падот, на цените на нафтата, кој е предизвикан од коронавирусот, во Вина беше свикан итен состанок на ОПЕК плус.Проблемот настана кога кинеската економија забави како резултат на епидемијата на коронавирусот, а со тоа и побарувачката за енергентите за скоро 20 проценти.
Меѓународниот пазар реагираше брзо на ваквите промени, така што во првите два месеци од оваа година вредноста на нафтата „Брент“, еден од видовите на кои се одредува пазарната цена на нафтата, падна за 27 проценти, од 68,64 долари на 49,91 американски долари за барел.