05 Мај, 2024
0.0253

Русија не успеала да го спречи масакрот во Беслан, ќе мора да плаќа оштета

Објавено во: Свет 13 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Европскиот суд за човекови права донесе пресуда во корист на тужителите и ја обвини Русија дека не сторила доволно за да ја спречи опсадата на терористите во училиште во Беслан во 2004-та, а дека при спасувачката акција на специјалците било користено премногу тешко оружје со што дошло до огромен број на жртви, од кои за жал околу 200 беа деца од вкупно 330. 

Судот во Стразбур нареди да им се исплатат на тужителите во случајот со терористичкиот напад 2,955 милиони евра како нематеријална штета, а уште 88 илјади евра треба да добијат адвокатите што ги бранеа интересите на тужителите.

Тужби во судот беа поднесени во 2007-2011 година од 409 државјани на Русија кои сметаат дека властите не спровеле „ефикасна истрага“ за терористичкиот напад во Беслан. Во јули 2015 година судот ја прогласи тужбата за прифатлива. 

Според пресудата постоеле голем број на разузнавачки информации дека чеченските терористи се подготвуваат за силна опсада на училиштето и дека имале силно оружје и експлозиви. 

Акцијата на руските специјалци е оценета како хаотична, но со оваа пресуда засега не се согласува Кремљ од каде посочуваат дека во случајот не може да надвладеат емоциите, туку фактите. 


Можеби ќе ве интересира

УНИШТЕНИ ДОМОВИ, ПАТИШТА, МОСТОВИ: Колку луѓе загинаа во поплавите во Кенија?

УНИШТЕНИ ДОМОВИ, ПАТИШТА, МОСТОВИ: Колку луѓе загинаа во поплавите во Кенија?

ГАЗА: Луѓето во северниот дел гладуваат

ГАЗА: Луѓето во северниот дел гладуваат

ЕРУПЦИЈА НА АНТАРКТИКОТ: Вулкан исфрла 80 грама злато дневно

ЕРУПЦИЈА НА АНТАРКТИКОТ: Вулкан исфрла 80 грама злато дневно

ФИДАН: Должност на целата глобална муслиманска заедница е да ги збие редовите во одбрана на Палестинците

ФИДАН: Должност на целата глобална муслиманска заедница е да ги збие редовите во одбрана на Палестинците

(ВИДЕО) ЗЕЛЕНСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Бог има украинско знаме на рамото, животот ќе ја победи смртта

(ВИДЕО) ЗЕЛЕНСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Бог има украинско знаме на рамото, животот ќе ја победи смртта

ТИНЕЈЏЕР ИЗБОДЕ МАЖ СО НОЖ: Tepoристички напад во Австралија

ТИНЕЈЏЕР ИЗБОДЕ МАЖ СО НОЖ: Tepoристички напад во Австралија

(ВИДЕО) УКРАИНКА ОДЕШЕ ПЕШ 10 КИЛОМЕТРИ ЗА ДА СЕ СПАСИ: Има 98 години и со бастун стигна до територијата под контрола на Украина

(ВИДЕО) УКРАИНКА ОДЕШЕ ПЕШ 10 КИЛОМЕТРИ ЗА ДА СЕ СПАСИ: Има 98 години и со бастун стигна до територијата под контрола на Украина

УШТЕ ЕДНА ПОТЕРНИЦА: Русија го бара и командантот на копнените сили на Украина, Александар Пављук

УШТЕ ЕДНА ПОТЕРНИЦА: Русија го бара и командантот на копнените сили на Украина, Александар Пављук

ОВИЕ РАСТЕНИЈА МОЖАТ ДА ДОНЕСАТ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Годишно може да се заработат 40.000 евра, само еден грам зачин чини 40 евра

ОВИЕ РАСТЕНИЈА МОЖАТ ДА ДОНЕСАТ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Годишно може да се заработат 40.000 евра, само еден грам зачин чини 40 евра