28 Април, 2024
0.0272

Русија нема да печати повеќе пари за економски бум, ветува Медведев

Објавено во: Економија, Свет 22 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

Рускиот премиер Дмитриј Медведев во прво интервју за медиум по победата на неговата партија „Единствена Русија“ образложи дека повеќе нема да се печатат државни пари со цел да се поттикне економскиот раст, ниту пак во креирање на буџетот има простор за популизам

„Не можеме да дозволиме популизам, особено не во буџетот“, пишува Медведев во статијата под наслов „Социјално-економси развој на Русија: стекнување нова динамика“ објавена во економскиот магазин напиша „Вопроси економики“. Тој уште пишува дека за развојот на економските политики на земјата „важно е не само да се формулира што треба да се направи, туку исто така, што владата треба да избегнува“.

На овој начин се обиде да ги одбие и сите притисоци од економистите и бизнисмените на кои не им одговара актуелната состојба со наметнатите санцкии, па тие сметаат дека само владата со државни трошења може да ја придвижи економијата.

„Нема да тргнеме по патот на активирање на машините за печатење неурамнотежената економија, бидејќи тоа носи катастрофални последици. Ако нема пари во буџетот, нема да ги печатиме за да ги покриеме недоволните приходи. Сите разбираме дека таквите пари, произведени само од хартија, ја хранат инфлацијата и ја девалвираат заработката, платите и пензиите на луѓето“, пишува Медведев.

Руското министерство за финансии предложи во периодот од 2017 до 2019 година државната потрошувачка да се замрзне на годинешното ниво, што би значело намалување на потрошувачката кога ќе се земе предвид инфлацијата. Годинешниот буџетски дефицит, првично планиран на ниво од 3 отсто од БДП-то, сега се проценува дека ќе достигне 3,2 отсто. Во претстојните години министерството планира негово намалување за 1 процентен поен.

Медведем смета дека и покрај геополитичките услови, Русија мора да се отвори економски со цел да стекне повеќе трговски партнери и да не трпи премногу поради надворешната политика.

Можеби ќе ве интересира

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто

НЕ Е МАРАТОНЕЦ, НО ТРЧА СО БРЗИНА ОД 6 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС - Тиангонг е хуманоиден робот кој се движи како ниеден досега

НЕ Е МАРАТОНЕЦ, НО ТРЧА СО БРЗИНА ОД 6 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС - Тиангонг е хуманоиден робот кој се движи како ниеден досега

КОЈА ФАБРИКА ЗА ЧОКОЛАДИ „НАБИЛДА“ ДОБИВКА ОД 240 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ - еве кои се причините

КОЈА ФАБРИКА ЗА ЧОКОЛАДИ „НАБИЛДА“ ДОБИВКА ОД 240 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ - еве кои се причините

ЗА ЈАХТИ, ХАЦИЕНДИ И СКАПИ КОЛИ ЌЕ СЕ ПЛАЌА ПОСЕБЕН ДАНОК, ЗА ПЛАТИ НАД 7.700 ЕВРА 40 ОТСТО ПЕРСОНАЛЕЦ - еве какви решенија нуди Левица

ЗА ЈАХТИ, ХАЦИЕНДИ И СКАПИ КОЛИ ЌЕ СЕ ПЛАЌА ПОСЕБЕН ДАНОК, ЗА ПЛАТИ НАД 7.700 ЕВРА 40 ОТСТО ПЕРСОНАЛЕЦ - еве какви решенија нуди Левица

НАЈНОВА СТАТИСТИКА: Србите сѐ помалку бараат работа во странство, младите сѐ повеќе одлучуваат да останат во својата земја

НАЈНОВА СТАТИСТИКА: Србите сѐ помалку бараат работа во странство, младите сѐ повеќе одлучуваат да останат во својата земја

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка