02 Мај, 2024
0.0861

Русија сака да стане лидер во туризмот на Арктикот - Крајна авантура

Објавено во: Свет 15 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Русија како земја која го има еден од најголемите пристапи до Северниот пол посакува поголеми инвестиции во пристаништата со цел да се развие туризмот на Арктичкиот регион на уште повисоко ниво бидејќи постојат голем број на авантуристи низ светот. 

Федералната агенција за турија „Ростуризам“ смета дека единствено со поголеми инвестиции во самата патна инфраструктура, намалување на цените на поморските билите, како и вложување во хотели, ресторани и соодветни содржини може да се привлечат многу туристи. 

Секоја година околу два милиони луѓе ја посетуваат арктичката зона. Според раководителот на „Ростуризам", Олег Сафонов, бројот на странските авантуристи во руската зона на Арктикот може значително да се зголеми и да придонесе за раст на туризмот во овој дел од земјата.

„Да го направиме арктичкиот туризам масовен ќе биде тешко поради високите цени, недостигот од инфраструктура и долгата сезона. Но, тоа е многу важна и перспективна ситуација. Арктичкиот туризам е многу популарен меѓу странците, бидејќи досега го посетиле туристи од повеќе од 40 држави", истакнува Сафонов.

Расте интересот за арктичкиот туризам и во Европа, пред се' во скандинавските земји, во Германија, Франција, посочува извршниот директор на АТОР, Маја Ломиѕе.

„Тоа е руска егзотика. Бидејќи сите арктички зони се зони за експлоатација, таму е развиен бизнис туризмот и затоа има убави хотели во кои би можеле да се сместуваат и туристи, што значи дека развојот на туризмот има перспектива", убедена е Ломиѕе.

Превозот до Северниот Пол се врши од Мурманск, преку Шпицберген или преку Земјата на Франц Јозеф, со застанување во 'ртот Рубин или во заливот Тихај, на островите Чамп и Рудолф.

„Популарна туристичка дестинација на Арктикот е архипелагот Шпицберген. Странските туристи имаат интерес и кон етничкиот туризам запознавање со културата и битот на автохтоните северни народи. Таму можете да ја пробате локалната кујна, да одите на екскурзија, на пример, до крдата со елени или јуртите", истакнува Ломиѕе од АТОР.

Во секој случај станува збор за многу скапа авантура до најекстремната точка на планетата каде човечка нога може да стапне. Потребно е изнајмување на бродови кои кршат мраз, како и специјална опрема.


Можеби ќе ве интересира

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

СЕ УРНА ДЕЛ ОД АВТОПАТ ВО КИНА: Најмалку 48 лица загинаа

СЕ УРНА ДЕЛ ОД АВТОПАТ ВО КИНА: Најмалку 48 лица загинаа

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

ПРОНАЈДЕНА ПЛАСТИКА ВО ПОВЕЌЕТО ОВОШЈА И ЗЕЛЕНЧУЦИ: Еве која храна може да содржи честички, Си-Ен-Ен објави студија

ПРОНАЈДЕНА ПЛАСТИКА ВО ПОВЕЌЕТО ОВОШЈА И ЗЕЛЕНЧУЦИ: Еве која храна може да содржи честички, Си-Ен-Ен објави студија

ЗА ЕДНА ГОДИНА „СЕ РАЃААТ“ ПОЛОВИНА МИЛИОН НОВИ РОБОТИ: Ќе ги заменат ли работниците? Што значи тоа за нив?

ЗА ЕДНА ГОДИНА „СЕ РАЃААТ“ ПОЛОВИНА МИЛИОН НОВИ РОБОТИ: Ќе ги заменат ли работниците? Што значи тоа за нив?

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад

Од денеска едномесечна изложба во Москва на запленето и онеспособено западно оружје

Од денеска едномесечна изложба во Москва на запленето и онеспособено западно оружје

Денот на трудот - 1 Мај: Настана во САД, но американците не го признаваат

Денот на трудот - 1 Мај: Настана во САД, но американците не го признаваат

Фон дер Лајен: Не е исклучена можноста за забрана на TikTok во ЕУ

Фон дер Лајен: Не е исклучена можноста за забрана на TikTok во ЕУ