Русите ги подгреаа надежите, САД разочараа – Нафтата расте!
Објавено во: Економија 29 Јануари, 2016 11:25
Цените на нафтата скокнаа поттикнати од слабиот долар и најавата на Русија дека е спремна да разговара со членките на ОПЕК за можно намалување на производството.
Аналитичарите, меѓутоа предупредуваат дека не треба да се полага премногу надеж во тие разговори, истакнувајќи дека слични преговори во минатото не дале конкретни резултати, односно довеле до намалување на залихите и раст на цените.
Американската „лесна нафта“ WTI во Азија поскапе 63 центи, или 1,9 одсто, на 33,85 долари за барел, а сировата нафта од типот „брент“ за испораки во март порасна за 79 центи, односно 2,33 проценти на 34,68 долари.
Цените на „црното злато“ паднаа за околу три члетвртини од средината на 2014 година поради слабата побарувачка, хипепродукција, преобилни понуди и забавување на глобалната економија, посебно економијата на Кина која е клучен потрошувач.
Двата типа на нафта вчера скокнаа после изјавата на рускиот министер за енергетика Александар Новак дека Москва е спремна да учествува во разговорите со ОПЕК поради можни „координирани“ акции.
Тој рекол дека би можело да се разговара за намалување на производството и до пет одсто за секоја земја произведувач поединечно.
Сепак, вчерашните добивки на цената на нафтата подоцна се „стопија“ а аналитичар на компанијата „Филип фјучерс“ , Даниел Анг вели дека нивниот раст повеќе допринел до слабеење на доларот после објавата на податоци за наглиот пад на новите порачки за произведена стока во САД, за 5,1 одсто во декември, наведува Франс Прес.
Тие податоци се многу полоши отколку што очекуваа аналитичарите и укажуваат на слабоста на производниот сектор на најголемата светска економија и најголем потрошувач на нафта.
Можеби ќе ве интересира
Компанија од Емиратите најблиску да ја купи Нафтена индустрија на Србија (НИС)
Синдикалната минимална кошница во декември зголемена на 65 492 денари
ЕСМ бара од Владата да прогласи кризна состојба, опозицијата смета дека тоа е поради рекордните загуби
Истражување: Европските компании во работниот процес се повеќе ангажираат „аутсорсинг“
Заменик-министерот Јанкуловски: Македонија ќе ја заврши 2025 година со јавен долг од 10,2 милијарди евра
Европа половина од природниот гас го купува од Норвешка
Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?
ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?




