Русите на протест- Кого обвинија за пожарот во Кемерово?
Објавено во: Свет 27 Март, 2018
Во сибирскиот град Кемерово стотици револтирани граѓани протестира, бесни на руските власти поради пожарот во трговски центар во кој загинаа најмалку 64 луѓе, од кои 41 дете.
Граѓаните бараат оставки надлежните поради безбедносни пропусти и преземање на морална одговорност.
Роднините велат дека уште 85 луѓе сè уште се водат за исчезнати, поголемиот дел од нив деца, јавува новинската агенција Интерфакс, пренесува БиБиСи. Причината за пожарот сè уште не е позната, но Комитетот за истраги соопштил дека се регистрирани „сериозни пропусти“ во трговскиот центар.
Властите биле исвиркани кога побарале од демонстрантите да го прекинат протестот по седум часа. Регионалниот заменик-градоначалник Сегеј Цивилев потоа клекнал на колена за да ги замоли насобраните да му простат, јавува новинската агенција РИА.
Претседателот на РУсија Владимир Путин го посети Кемерово и обвини дека пожарот во неделата се случил поради „криминална негрижа“.
Пожарот избил во трговскиот центар Зимњаја вишња“ (Зимска вишна) на четвртиот
кат и зафати околу 1.600 метри квадратни, при што загинаа 64 лица, од кои
поголемиот број деца.
Продавниците, кино-салите и кугланите биле преполни поради почетокот на училишниот распуст. Комисијата за истрага соопштила дека техничарот за сигурност во центарот го „исклучил системот за алармирање“ откако бил известен за пожарот.
Пет луѓе биле уапсени, меѓу нив и службеници осомничени за деактивирање на системот за јавно известување.