26 Април, 2024
0.1356

Руската полиција изврши рација во домот на истакнатиот новинар Роман Анин

Објавено во: Свет 16 Април, 2021

Добивај вести на Viber


Руската полиција накратко го приведе и го испита Роман Анин, еден од водечките истражувачки новинари во земјата, во кривична истрага за која се сомнева дека е мотивирана од одмазда за неговите истраги за елитата на Кремљ.

Истражителите во петокот извршиле претрес во станот на Анин во Москва и заплениле телефони и друга електронска опрема и документи. Анин, основач на iStories и еден од руските репортери кој работел на истрагите за „Панама документите“, потоа бил однесен во полициска станица на распит. Тој одби да одговори на прашања. повикувајќи се на своето право да не сведочи. Во понеделникот повторно е повикан на распит, пишува Гардијан.

Случајот е поврзан со истрагата на Анин во 2016 година за близок соработник на Владимир Путин, чија сопруга, како што напиша тој, се чини дека користела супер-јахта, проценета дека чини повеќе од 100 милиони долари. Новаја Газета, весникот што го објави написот со наслов „Тајната на принцезата Олга“, беше тужен во рускиот суд од страна на шефот на Роснефт, Игор Сечин, кој рече дека написот му нанел штета на неговата репутација.

Се чинеше дека тоа е крајот на приказната. Но, полицијата минатиот месец одеднаш ја обнови кривичната истрага од 2016 година за нарушување на приватноста и го наведе Анин како сведок во случајот. Тој не е обвинет како осомничен.

Анин е еден од неколкуте руски истражувачки репортери кои искористија документи што протекоа за да се разоткрие задкулисното работење на Кремљ за луѓе блиски до Путин. Минатата година, iStories објави протечени мејлови испратени и примени од поранешниот зет на Путин, изложувајќи го богатиот начин на живот што го уживала една од ќерките на Путин. Минатиот месец, iStories објави статија во која се потврдуваат врски помеѓу висок командант на ФСБ и криминалното подземје.

Уредничкиот одбор на Новаја Газета, весникот што го објави написот во 2016 година, напиша дека Анин бил мета на повеќе кривични истраги, вклучувајќи и друга пријава покрената од Сечин против iStories. „Сè што се случува во моментов со Роман Анин е одмазда“, напиша весникот.

Анин беше ослободен од ќелијата доцна во петокот вечерта. Во забелешките пред новинарите, тој рече дека истражителите „однеле сè“. 

- Ги зедоа сите мемориски стикови, сите компјутери, вклучувајќи ги и оние што не беа мои. Зедоа телефони што не ми припаѓаа мене. Тие зедоа документи, рече тој и наведе дека случајот е врзан за приказната за супер-јахтата, додавајќи дека тој целосно се потпирал на јавни фотографии достапни на Инстаграм.

Колегите од руски и меѓународни организации за известување издадоа соопштенија за поддршка на Анин.


Можеби ќе ве интересира

ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА: Руската полиција уапси уште еден Таџикистанец

ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА: Руската полиција уапси уште еден Таџикистанец

ПОЧИНА БЕБЕТО КОЕ ЛЕКАРИТЕ ВО ГАЗА ГО ИЗВАДИЈА ОД УТРОБАТА НА УБИЕНАТА МАЈКА: По неколку дена се јавиле сериозни здравствени проблеми

ПОЧИНА БЕБЕТО КОЕ ЛЕКАРИТЕ ВО ГАЗА ГО ИЗВАДИЈА ОД УТРОБАТА НА УБИЕНАТА МАЈКА: По неколку дена се јавиле сериозни здравствени проблеми

ПИШУВАЛА АНТИВОЕНИ ГРАФИТИ: Руска тинејџерка е осудена на 3.5 години затвор

ПИШУВАЛА АНТИВОЕНИ ГРАФИТИ: Руска тинејџерка е осудена на 3.5 години затвор

Ќе бидат потребни 14 години да се отстранат урнатините во Појасот Газа, вели официјален претставник на ОН

Ќе бидат потребни 14 години да се отстранат урнатините во Појасот Газа, вели официјален претставник на ОН

КИНА И САД ТРЕБА ДА БИДАТ ПАРТНЕРИ, НЕ РИВАЛИ: Кси Џинпинг го пречека Блинкен

КИНА И САД ТРЕБА ДА БИДАТ ПАРТНЕРИ, НЕ РИВАЛИ: Кси Џинпинг го пречека Блинкен

„КРАЛОТ ЧАРЛС Е ВО МНОГУ ПОЛОША СОСТОЈБА ОТКОЛКУ ШТО СЕ ПРИКАЖУВА ВО ЈАВНОСТА“: Погребот активно се планира

„КРАЛОТ ЧАРЛС Е ВО МНОГУ ПОЛОША СОСТОЈБА ОТКОЛКУ ШТО СЕ ПРИКАЖУВА ВО ЈАВНОСТА“: Погребот активно се планира

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни